Отец Пимен: Пост фестум
Пеевме во тоа време и растевме чекајќи го денот и сонцето на слободата. Не дека не бевме слободни де, ама набилданиот патриотизам од крајот на осумдесетите ни будеше револуцинерен дух дека може и послободни да сме. Го чекаа сонцето и живееја чекајќи и оние кои се бореле за слобода на Македонија во втората светска војна и оние кои го мразеа системот но, не и татковината.