УКРАСИТЕ НА СРЦЕТО
Срцата веќе не чукаат, не треперат. Можеби ги слушаме звуците на биолошкиот орган, но пулсот на љубовта не се слуша. Се се сведе на пресметки и математички равенки. Се заљубуваме, се жениме, склопуваме пријателства, велиме „Добар ден“ затоа што секогаш сакаме нешто од другиот без да дадеме нешто за возврат.