Божествена Литургија во храмот Свето Благовештение, Скопје (27.01.2018)
Со горделивоста се уништува секое добро, а со смирението се истребува секое зло: верни, да го прегрнеме смирението и да се гнасиме јавно од лажната слава. При богатсво од добродетели, горделивоста нѐ осиромашува; напротив, и кога сме лишени од нив, смирението нѐ збогатува и нѐ оправдува, затоа и ние го придобиваме.