Јеромонах Методиј Зинковскиј: Св. Стилијан – Светилник Христов и покровител на децата
Така се однесувал Свети Стилијан,. Неговиот подвиг никому не бил јасен, никогаш не покажувал посно, строго лице, секогаш бил насмеан, добродушен, што секако ги привлекувало кон него и децата. И на иконите, обично тој се претставува со младенец, или дури со многу младенци во рацете што е необично, бидејќи тој е преподобен. И дури и кога го погребале, неговата насмевка не го оставила неговото лице и по смртта. Лесната, светла насмевка, осветена од благодатта на Духот го придружувала и во гробот.