Духот Свет е љубов. Тој е сладост за душата, умот и телото
Страв и трепет ја обземаат душата моја кога сакам да пишувам за љубовта Божја. Бедна е душата моја и нема сили да ја опише љубовта Господова. Душата се плаши, но истовремено и сака да напише неколку зборови за љубовта Христова. Мојот дух нема сили да пишува за тоа, но љубовта ме поттикнува.