Митрополит Струмички Наум: Разумен проблем (24.01.2021)
Некои луѓе стварно имаат проблем со својот разум. Нивниот разум не е духовен. И, тоа е очигледно. Патем, едно е духовен, а сосем друго интелектуален разум; самите ќе разберете понатаму. Како настанува проблемот со разумот?
Во денешното евангелие читаме: „Оттогаш почна Исус да проповеда и да говори: ’Покајте се, зашто се приближи Царството Небесно!‘“ (Матеј 4, 12–17).