На празникот на Светиот цар Константин и Светата царица Елена, во храмот посветен на овие светии во селото Миравци, беше отслужена Света Божествена Литургија. Со Литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на клирици од гевгелиското намесништво на епархијата. На Литургијата присуствуваа голем број на верници од Миравци и околните места.
На 02.06.2019 година, во Шестата недела по Пасха - на Слепиот, и на празникот на св. маченици Талалеј, Александар и Астериј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, свештеникот Александар Димоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски, изврши осветување на новиот храм „Св. Архангел Михаил“ во с. Ботун, општина Дебарца, Охрид. Откако беше осветен храмот, веднаш беше отслужена и првата света архиерејска Литургија..
Односно, ти проштевам, но од сега па натаму ќе треба да го правиш ова, и она, и она – и веднаш започнуваме со советите, забраните, епитимиите, строгостите, така што на крај другиот зачудено прашува: „А што беше таа благост, добрина и насмевка кои ми ги покажуваше на почетокот? Тие убави фрази – ела кај нас за да почувствуваш нешто убаво? Каде е тоа убавото?“ Ние сме во Црквата и многу пати сме налик на оној поголемиот син од параболата, кој што бил добриот син, но немал никаква врска со татко си,
Не знам како се случува тоа, но повеќето од нас влегуваме срамежливо во Црквата и после само 2 месеци ни се чини дека сме го проголтале целото црковно знаење и почнуваме да мислиме дека сега ќе го спасиме светот! Сега ќе ги променам луѓето! Сега ќе го осудам злото, лошите луѓе ќе ги направам добри! Кој? Ти, кој што пред малку си влегол во Црквата, или ти, кој што навистина си влегол пред многу години, но сѐ уште не си ја вкусил лично татковската љубов?
Вие сте во Христовата Црква секогаш кога подигате човек скршен од болка, кога давате милостина на сиромашните, кога посетувате болен. Вие сте во Христовата Црква кога се молите: „Господи, помилуј ме!“ Вие сте во Христовата Црква кога сте добри и трпеливи, кога не се гневите на својот брат, иако тој ги повредил вашите чувства.
Но, слепиот човек прогледал дури во оној миг кога станал послушен на Божјата заповед и ја прифатил Божјата промисла за себе, која била поинаква за него, ако ја споредиме со другите чуда Христови. Насекаде Христос исцелувал само со збор, но нему му ги мачка очите со кал и го праќа да се измие во Силоам. И тоа е клучниот момент за да разбереме што е она што го спречува благоволението – добрата волја Божја,
Господ Бог сака да ни го даде Царството небесно. Но, него ние како да не сакаме да го видиме и постојано зборуваме само за тоа во колку убава куќа треба да живееме, во што поубаво да се облечеме, како да изгледаме пред другите, а сите тие мисли се само суета и ништо друго. Многумина нема да бидат удостоени да влезат во Царството Божјо. Пред многумина рајските врати ќе бидат затворени и ќе ги слушнат Божјите зборови: „Бегајте одовде, зашто не ве познавам кои сте!
Духовното гледање претставува гледање на вистината. Вистината се состои во сфаќање на фактот дека сите ние сме грешни. Духовниот поглед се избиструва кога човекот ќе биде способен да ги открива и гледа своите гревови. Кога ќе открие еден грев, тогаш на чуден начин тој почнува да гледа уште еден и уште еден, кои дотогаш не ги забележувал.
Обрнете внимание на сѐ што изградил човекот – на куќите, на големите и малите згради, на градовите и селата... Обрнете внимание на луѓето и на нивната култура и цивилизација. Прашувајте, надградувајте го своето знаење за сѐ и сешто, не бидете рамнодушни. Тоа ви помага подлабоко да ги согледувате чудесата Божји.
Во понеделник, 03 јуни 2019 година, на денот кога во Македонската православна црква- Охридска Архиепископија се чествуваат светите Константин и Елена, во новоподигнатиот храм во општина Центар- на улица „Македонија“,во Скопје, посветен на рамноапостолните светители на Црквата, протоереј Трајче Петковски ќе отслужи Божествена Литургија со почеток од 8:30 часот.
Кога свештеникот ги покадува иконите, ги проси нивните молитви и застапништво пред Бога за членовите на Црквата. За жал, многу христијани, кога свештеникот ги покадува, остануваат неподвижни (како столбови). И тоа, се разбора, е поради незнаење. Благиот наклон е знак дека ние учествуваме во тоа, што се случува за време на службата, а исто така и знак на елементарна почит кон свештеникот, кој се моли за нас!
Какo гoвoрeлe и какo гoвoрат свeтитe Бoжји луѓe и вeли: “Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe,ниту спoрeд свoeтo учeњe, ниту спoрeд свoјата збoрливoст, туку гoвoрeлe oд Духoт и спoрeд Свeтиoт Дух. Мудрoста Бoжја сe изливала прeку нив и вистината Бoжја сe oткривала прeку нив. Свeтoтo писмo нe гo напишалo лажливoтo книжeвничкo пeрo (Јeрeм. 8:8), туку гo напишалe слуги и избраници на Свeтиoт Дух.
Ах, љубени, кога би знаеле каква радост и каква сладост ја очекува душата на праведникот на небото, би посакал сите неволи да ги поднесуваш во животот со благодарение.
Вeликитe eрарси, стoлбoвитe на правoславната Црква, умeeлe да ги сoeдинат вo свoјoт карактeр крoткoста и рeшитeлнoста, крoткoста кoн правeднитe и пoкајницитe, а рeшитeлнoста кoн нeпoкајанитe крвници. Eдна нeдeла, пo свeтата служба, царoт Иван Грoзни сe приближил кoн митрoпoлитoт Филип за да дoбиe благoслoв. Митрoпoлитoт сe прeправал дeка нe гo глeда царoт и глeдал вo икoната на Спаситeлoт.
Не би требало да испитуваме дали огорчувањето е праведно или е неправедно, од љубов или од злоба. Дали сме виновни или воопшто не сме. Но, духовната добивка што ни ја причинува секоја неправда треба да ја примаме радосно, да им бидеме благодарни на оние што ни нанесуваат неправда и постојано да Го славиме Бог.
Значи, чија e штeтата а чија e пoлзата oд насилствoтo? Кoга насилникoт би пoмислил дeка сo свoeтo насилствo ќe му пoмoгнe на прoтивникoт да сe вбрoи вo свeтитeлитe и
дeка за сeбe ќe дoбиe пoгибeл и прoклeтствo, тoј би oтстапил oд замислeнoтo насилствo. Нo лoшата пoмисла e прeтeча и сoпатник на насилствoтo.
„Отци, за восхит достојни, вие нѐ збогативте со духовна ризница, бидејќи од вас започна Божествената литургија да се служи на јазикот словенски. И ние, како заедничари на таа благодат до денеска, ве славиме пеејќи: Сите дела Господови, благословете Го Господа“ (песна од канонот на утрена на свети Кирил и Методиј).
На 28. 05. 2019 година, на денот на канонизацијата на Св. Гаврил Епископ Велички Светогорец, св. Ахил Преспански, преп. Пахомиј Велики, Неговото Блаженство, Митрополит Скопски, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г. г. Стефан, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел и Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион во сослужение на Архимандритот на Лесновскиот
Aко за било кој грев (паѓање) велиш: "Прости ми!", се ќе ти биде простено, но ако велиш така, а потоа повторно се вратиш на гревот и не се бориш со него, тоа значи дека твоето покајание е лажно; тоа значи дека не се каеш и остануваш во гревот. Господ да чува!