Свети Серафим Саровски - Телесни болести
Телото е слуга, душата царица и затоа е милост Божја кога телото се измачува со болест, оти тогаш слабеат страстите и човекот си доаѓа на себе. И самата телесна болест се јавува понекогаш како резултат на страстите. Отфрли го гревот и болеста ќе те остави. Оти болеста настанува од гревот, како што вели Свети Василиј Велики (Слово за тоа дека Бог не е пример за зло, стр.213).