НАГРАДАТА „СТАЛЕ ПОПОВ“ ВО РАЦЕТЕ НА ВЕНКО АНДОНОВСКИ
Романот „Папокот на светлината“ на Венко Андоновски е добитник на наградата „Стале Попов“ за најдобро прозно остварување за 2022 година. Признанието традиционално го доделува Друштвото на писателите на Македонија уште од далечната 1975 година.