Ретроспектива (2005-2020): Александар Шмеман - Крштевање
Но ако водата го одразува и го символизира светот како космос и живот, во исто време таа е символ на разрушување и на смрт. Таа е таинствена длабочина, којашто убива и уништува, темно пребивалиште на демонски сили, образ на ирационалното, првичното во светот. Принцип на животот, живототворната сила и принцип на смртта, силата на разрушувањето – тоа е фундаменталното двојствено восприемање на водата во религиозниот светоглед на човекот. И на крај, водата е символ на очистувањето, на чистотата и, следствено, на препородувањето и возобновувањето. Таа ја измива нечистотијата и го воспоставува првобитниот девствен образ на земјата.