† ТРИЕСЕТТА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА
Во историјата на Црквата Христова, како во Стариот завет, така и во Новиот, имаме многубројни праведници и Божји угодници кои биле многу богати. Да се потсетиме само на царот Давид, на царот Соломон, и најкласичен пример ни е праведниот Јов, кој бил многу богат, со имот, со синови и ќерки, но, по Божјо допуштање, сè изгубил. Кога барале од него, неговата жена и неговите роднини, „навреди Го Бога па умри" (Јов 2, 9), тој, со трпение,