Отец Гаврил (Галев): Слово по повод прославата на големиот јубилеј „50 години од прогласувањето на автокефалноста на Охридската Архиепископија како Македонска Првославна Црква“
Црквата Господ ни ја оставил како Негово благодатно присуство на земјата во која сите ние се собираме (воцрквовуваме) и постануваме едно меѓу себе и со Христос, т.е. стануваме обожено тело Христово. И како што е едно телото Христово, така е и една Црквата, според зборовите на Св.ап. Павле : И како што телото е едно, а има многу делови, и сите се делови тоа тело, па колку и да се тие, едно тело се. … и уште: Вие сте телото Христово,