Св. Нектариј Егински - За негрижливиот човек
„Негрижливиот човек е несреќен, бидејќи не знае дека живее за да стане совршен. Не знае дека е повикан во висините на славата, не знае дека е потопен во секаква благодат, подготвена да му даде секаква духовна радост, додека тој одбива да ги подигне очите и да ја види. Тој не знае дека радоста е во маките, не знае дека среќата е во напорот, дека веселбата е во ревноста, дека во трудот се слават честа и венците.