Божествена Литургија во манастирот св.Никола, с.Љубанци (07.08.2019)
Како што јадеме леб и пиеме вода секој ден, и живото тело секогаш повторно сака да јаде и да пие, така и душата не се заморува од постојаното благодарење на Бога, но уште повеќе сака да мисли на Него. Исто така, колку повеќе дрва ставаме во огнот, толку повеќе тој се разгорува. Така е и со Бога. Колку повеќе мислиш на Него, толку повеќе се разгорува љубовта и ревноста спрема Него.