Ете ги плодовите на бракот! А животот без љубов е нецелосен, суров, безначаен, бездомен и обично скита по пусти места; не спасува од страданија, нема на кого да ја потпре изнемоштената старост, не прави родителите да оживеат во своите деца, не го поткрепува животот со пријатни врски. Неврзаните со брачни врски не наоѓаат утеха ниту во народните собири, ниту на прославите, туку се мрачни и туѓи на светот; иако родени за живот,
Старец Силуан: Големо богатство е да се научиме на Христовото смирение
Оној што како мене ќе ја изгуби благодатта, треба храбро да се бори против ѓаволот. Знај дека за сè си самиот виновен: падна во гордост и славољубие и Господ милостиво ти дарува да познаеш што значи да бидеш во Духот Свет, а што во борба со демоните. На тој начин душата преку искуство гледа какво зло донесува гордоста. Тогаш таа бега од славољубие и од човечки пофалби и од помисли. Тогаш душата започнува да