протоереј Александар Шмеман: Богородичните празници
Овие празници нè потсетуваат на различни моменти од животот на Богородица, но не претставуваат празни спомени. Имено, тие нам ни откриваат каков е човечкиот живот во неговото совршенство, зашто Дева Марија за нас е – Мајка Божја и, оттаму, најдобар врвен и совршен плод на човечкиот род. Во неа ние го препознаваме она што Бог од човекот го сакал кога го создал.