– Можат да го поканат свештеникот дома да направи едно елеосветување или водосвет. Да му дадат да пие осветена вода за да отстапи малку злото и барем малку да влезе Христос во него. Така направи една мајка за своето дете и му помогна. Ми кажа дека син ѝ се измачува многу, зашто му имале направено магии. „Да оди да се исповеда“ и реков. „Како да оди, оче, да се исповеда,
ЗА МАГИИТЕ Старец Пајсиј (Светогорец)
Дојде во Колибата еден млад маѓепсник (вражалец) од Тибет и ми раскажа многу работи од неговиот живот. Тоа дете, само што се одбило од доење, на возраст од три години, татко му го посветил на една група од триесет маѓепсници од повисок степен во Тибет, за да го воведат во нивната техника. Стасал до единаесеттиот степен на магија, а дванаесеттиот е највисок.