Приближно еден од 10.000 Македонци е калуѓер: 10 векови монаштво
Манастирот на Воведение на Пресвета Богородица-Елеуса, денес - повторно, како пред десет века, стана духовен расадник на монаштвото во Македонија. Спонтано, во духот на илјадогодишната традиција, прво беше возобновено машкото монаштво во него, за една година подоцна да продолжи да живее како женски општежителен манастир. Тогаш, во 1996-та година, беше возобновен прво Водочкиот манастир на Св. Леонтиј како машки манастир. Потоа, по 1998-та до сега, уште повеќе од дваесет машки и женски манастири низ териотријата на Република Македонија.