Божествена Литургија во Соборен храм, Скопје (13.08.2019)
Слава Му на Господа и на Неговото милосрдие. Он толку многу нe возљуби, што ни Го даде Светиот Дух, кој нe учи на сe она што е добро и ни дава сила да го победуваме гревот. Господ заради големото Свое милосрдие, ни ја дава благодатта, и ние сме должни цврсто да ја чуваме, за да не ја загубиме. Оти без благодатта, човекот е духовно слеп. Слеп е оној, што го собира богатството во овој свет. Тоа значи дека неговата душа не Го знае Светиот Дух, не знае колку е Он сладок, и затоа е поробена од земното.