„Пријателите на Христос срдечно ги љубат сите, но не се љубени од сите“
Бог ја бара целта на сите дела што ги правиме: дали ги правиме заради Него, или од некаква друга причина.
Спасителот вели: Блажени се чистите по срце, зашто тие ќе Го видат Бога (Мат. 5, 8), зашто Бог е скриен во срцата на оние што веруваат во Него. Тие ќе Го видат Бога и ризниците скриени во Него, кога ќе се очистат преку љубов и воздржание и ќе Го видат толку појасно, колку повеќе се очистени.