Илјадници дечиња со песна Го славословеа Бога во соборната црква
На 06 јануари, денот спроти Рождеството Христово, по завршетокот на златоустовата литургија, во литија и пеејќи ја песната „Вечниот Бог“, во соборната црква пристигнаа неколку илјади православни дечиња. Во црквата ги пречека Неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан. Во својата кратка беседа кон дечињата, претстојателот на нашата помесна Црква им се заблагодари затоа што Го воспеваат и прославуваат Богомладенецот,