Старец Паисиј Светогорец: Најделотворен помен
Упокоените чувствуваат радост кога некој нивен потомок Му е близок на Бог. Ако ние не сме во добра духовна состојба тогаш страдаат нашите упокоени родители, нашиот дедо, нашиот прадедо, сите генерации. Но, ако сме во добра духовна состојба, се веселат, бидејќи и тие учествувале во тоа да се родиме и ние и Бог на некој начин е обврзан да им помогне.