Митрополит Струмички Наум: Како да станеме богати до синовство (06.12.2020)
Како навистина да станеме бог(ати)? Знаеме дека Господ се поистоветува (дури и најмногу) со секој еден страдалник. Затоа, секогаш кога од својот вишок ќе му помогнеме на еден од овие најмали Христови браќа што страдаат, ние не собираме за себе, туку се богатиме во Бог.
Така, никој не може да се нарече богат, односно подобен на Бог, без да ги збогатува и другите околу себе – пред сѐ, во духовна, но и во материјална смисла на зборот.