Катица ЌУЛАВКОВА: Припитомена дивина
Оваа збирка песни, втемелена врз концептуален тематски и жанровски пристап, е придружена од уводна реч на авторот Кипријан Слепченски. Уводниот оглед на авторот е автоинтерпретативен, автопоетички(оглед). Во него е опеана тезата за „јазик без зборови“ (КС, 2019: 6) кој и’ претходи на песната и следи по песната. Јазикот на песната, впрочем, не е само јазик на зборови, туку во себе го вградува јазикот на звукот и созвучноста, јазикот на тишината,