Ексклузивно: Интервју на владика Партениј за украинска „РЕЛІГІЙНА ПРАВДА“
Во рамките на нашата Црква, духовниот живот, за слава Божја, е во подем, иако можеби не со посакуваниот интензитет. Радува тоа што извесен процент од младината, незадоволен од суетата, апсурдот и меланхолијата што ги нуди современиот свет, барајќи излез од него, ги наоѓа патот и одговорот во единствениот вистински добротвор на човештвото – Спасителот Христос. Неговата Божествена наука, примерот на саможртва за другите, Неговата љубовна прегратка од Крстот на Голгота,