Ново издание на Повардарската епархија - „Свети Нектариј Егински-светител од наше време“
Голем благослов е за нас, што токму во нашата издавачка дејност, излегува веќе второто издание од книгата Свети Нектариј Егински. Поради славата која ја има светителот првото издание веќе се потроши, па ете, дојде ред, да излезе од печат второто, но дополнето издание. Освен житието и поуките на светителот, второто издание е дополнето со чудата на свети Нектариј од периодот 1969 до 1971 година...






Според ректорот на соборниот храм протоереј Владимир Мјасоедов, единствениот феномен се совпаѓа со две значајни настани. Најпрво се ближи прославата во чест на пронајдената икона Тихвинска Богородица, која е точно 200 години небесна зашитничка на данковчани. Второ, во тие денови милиони руси се молат во храмот пред моштите на...
На 11.06.2017 година, по повод 50-годишниот јубилеј од возобновувањето на автокефалноста на Охридската Архиепископија во лицето на Македонската Православна Црква, како и по повод 10-годишнината од осветувањето на возобновената манастирска црква „Свети Атанасиј Велики“, во Лешочкиот манастир беше отслужена Света Архиерејска Литургија на која чиноначалствуваше Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан
На првосоздадениот во рајот му било заповедано: „Ете ви дадов секаков вид растение“ 1. Мој. 1, 29). На Оној Кој го заповедал ова можеме да Му веруваме дека човекот е приспособен за таква исхрана. Дури можеме и да додадеме, дека таквата храна била многу погодна да го запазува неповреден образот Божји во човекот и неговата мисловна сила
Какo Мoјсeј мoжeл да пoсти 40 дeна? Какo мнoгумина христијански пoдвижници мoжeлe да живeат, и тoа дoлгoвeчнo, вo крајна вoздржанoст oд јадeњe и пиeњe? На тeлeсниoт чoвeк, кoј нe знаe за духoвeн живoт, тoe нe e мoжнo да вeрува. Нe e мoжнo и да му сe дoкажe, бидeјќи да сe сфати тoe сe пoстигнува самo сo примeр.
Секогаш беше радосен, се шегуваше. Беше многу благодатен човек. Кога почина отидовме да го погребаме. Кога му ги симнаа обувките. - Ќе се стресете, деца, долу, каде што е стапалото, му се гледаа коските! Месото го немаше! Разбирате ли?... И покрај тоа одеше два пати во седмицата во Кареја, им служеше на сите отци наоколу, гладуваше, секогаш беше натоварен, тој никогаш не се жалеше.
Во осмата недела по Пасха, кога се празнува Педесетницата, и кога Христовата црква молитвено се сеќава на слегувањето и примањето на Сесветиот Дух, кој ги ожитворува и облагодарува нашите души, во манастирот Св. Наум Охридски во населбата Радишани се отслужи Божествeна Литургија на коja, според древната пракса подготвените катихумени ги примаат светите Тајни Крштение и Миропомазание.
Израелските научници пронајдоа археолошки сведоштва за масовното уништување извршено од страна на Римјаните, за време на опустошувањето на Ерусалим во 70 – та година по раѓањето Христово, што во потполност се сложува со описот кој го дава историчарот Јосиф Флавиј, како и Христовото пророштво во Евангелието дека од Ерусалим „нема да остане ниту камен врз камен“.
Свештениците во Ирак со свои раце помагаат во реконструкцијата на околу 13 илјади домови во областа Ниневија, кои беа оштетени или целосно уништени од страна на ИДИЛ, со цел христијаните да можат да се вратат во нив. Безбедноста во овие територии е гарантирана од христијанските вооружени групи.
Оние луѓе, врз кои паднала таа духовна роса на божествениот живот и го исполнила нивното срце со љубовта спрема Небесниот Цар – Христа, се приврзуваат кон таа убавина, кон таа неискажлива слава и убавина, и кон несфатливото богатство на вистинскиот Цар – Христа. Тие се предаваат во плен на таа желба и на таа љубов, стремејќи се целосно кон Христа
Простите, штом ги слушнат првпат зборовите, веднаш искрено ги извршуваат Божјите заповеди, и затоа добиваат од Бога голема благодат, а оние што се прават многу паметни и учени, се трудат да ги објаснат зборовите што ги слушнале до нивната длабочина, но не сакаат да се борат и да го победуваат гревот и ѓаволот, па затоа остануваат изоставени и надминувани од оние што учествувале во борбите и што победиле.
На 05 јуни 2017 година, денот во кој Црквата го прославува слегувањето на Светиот Дух врз апостолите (Света Троица) - Педесетница, Неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан отслужи божествена литургија во соборната црква посветена на светиот Климент Охридски, во Скопје. По литургијата беше отслужена вечерна богослужба на која се прочитаа коленоприклоните молитви составени од светиот Василиј Велики.
На 5.06.2017 година, во понеделникот на Светиот Дух, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, служеше Света Златоустова Литургија во храмот на Света Троица во Куманово. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Безбројни се чудата што Светиот Дух ги твори во Црквата Христова, за сето време од Педесетницата во ерусалимската горна одаја, па сè до денес. Всушност, Црквата Божја, сите нејзини верни и трудољубиви членови кои водат литургиски живот, постојано ја живеат светата Педесетница, бидејќи просветлувачките и осветувачките енергии на Светиот Дух непрестајно дејствуваат во нив.
Повторно пред блесокот од слегувањето на Светиот Дух и роденденот на Мајката Црква, таа го запалува светлото на љубовта кон сите наши праотци, отци, мајки, браќа и сестри, што си заминале од овој свет, потсетувајќи нè дека сите ние, живите и покојните, едно цело сме, една заедница во Христа, Победителот на смртта.
“Пoрoкoт нeма свoe сoпствeнo лицe, туку зeма на заeм лицe на дoбрoдeтeл”. Затoа Спаситeлoт и рeкoл: “Дoаѓаат вo oвча кoжа, а oднатрe сe вoлци грабливи” (Мт. 7:15). Нарeчи гo лажливиoт - лажливeц, крадeцoт - крадeц, убиeцoт - убиeц, блудникoт - блудник, клeвeтникoт - клeвeтник и ќe ги oгoрчиш.
На 04.06.2017 година, на денот посветен на слегувањето на Светиот Дух врз апостолите или Педесетница – Духовден, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, богослужеше Света Златоустова Литургија во Соборниот храм „Пресвета Богородица“ во Гостивар. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Кога свештеникот вади честички и ги спомнува имињата на верниците на Проскомидијата, тогаш слегува ангел Господов и ги зема овие спомнувања и ги носи пред престолот на Владиката Христос како молитва за оние кои биле спомнати. Гледате ли колку голема вредност има тоа, да ве спомнуваат на Проскомидија?
Упокој ги Боже Твоите слуги, и во рајот всели ги каде што е соборот на Твоите свети, Господи, и каде што праведниците светат како светила: починатите слуги Твои упокој ги, превидувајќи ги сите нивни согрешенија.
























