ОТЕЦ ПИМЕН ЗА ДОНИРАЊЕТО ОРГАНИ
Медицината како наука од секогаш се обидувала да го продолжи животниот век на човекот. Постојано се надградувала измислувајќи нови лекарства, операции, терапии, ама и можности за замена на некои органи кај човекот. Ова последново започнало со трансфузијата, со менување или додавање на крв кај оние луѓе на кои им била потребна истата за продолжување на животот. Медицински, и крвта е еден од органите на телото.