логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

0_37cbc_181f561f_L

Новомаченици од романските затвори (1942-1964) 

Питешти: Распнувањето на една генерација

 

Да имав едно ангелско перо

и мастило од темнина,

можеби тогаш ќе ми беше полесно

да се соберам од сета расеаност

и да ги запишам сеќавањата

и на сите да им кажам зошто крвавам…

 

Сергеј Мандинеску, „Превоспитувањето“

Затворот Питешти бил казнена институција која е најпозната по ужасните експерименти за перење на мозокот, изведени од страна на комунистичката власт во Романија од 1949 до 1952 година (познато и како „експериментот Питешти“ или „феноменот Питешти“). Експериментот бил осмислен како обид насилно да се превоспитаат, главно, младите политички затвореници, првенствено Легионерите[1]. Целта на експериментот била да се отфрлат минатите политички и верски убедувања и на крајот да се промени личноста на човекот до точка на апсолутна потчинетост. Проценката за крајниот број луѓе што поминале низ овој експеримент во Питешти изнесува помеѓу илјада до пет илјади луѓе.

За најголеми непријатели на историскиот материјализам во тоа време биле сметани Бог и душата, и тие најпрво требало да бидат уништени. Душата требало да биде уништена затоа што не може да биде потчинета. Верата, уметноста, мислите, идеалите, чувствата – сите требало да бидат уништени и да бидат заменети со идеите, законите и науката на историскиот материјализам. И така, настанувал еден човек-чудовиште, човек-карикатура, човек-ѓавол. Оттука, воспитувањето во смислата на историскиот материјализам, односно „превоспитувањето“, било всушност демонизирање на човекот, осакатување на душата, убивање на Бог, механизација на совеста, раскинување (поништување) на личноста, исчезнување на слободата, апсолутно ропство, психичко телегидирање, ментално условување, имајќи ги за основа рефлексите. Кон такво „превоспитување“ се тежнеело.

Овој експеримент се смета за најголемата и најинтензивна програма за измачување и перење на мозокот во Источниот блок, за којшто сѐ уште малку се знае.

 *

 Затворот Питешти се наоѓа на двесте метри на север од патот што го поврзува градот Питешти со Арџеш. Има форма на буквата „Т“ и внатре има соби од четири на два метри квадратни и шест на десет метри квадратни. На секој спрат имаше по една самица наречена „црна самица“. Обезбедувањето беше максимално и оттука никој не можеше да избега.

Со тешко срце сега се прашувам: колкумина влеговме и колкумина излеговме оттука? Колкумина полудеа, колкумина беа убиени, колкумина паднаа и колкумина беа искористени како инструменти за мачење на другите?

Думитру Бордејану, „Сведоштваод калта на безнадежноста“

 *

Во Питешти „превоспитувањето“ не ќе можело да има успех доколку претходноне постоеле некои услови: ужас, изолирање, шокирање, неодговорност. Гладот направил скелети од тие луѓе. Имало чорби со дваесет-триесет зрна пченица, десет-петнаесет зрна грав, седум-осум листови зелка, а честопати само вода над која пловеле подве-три капки зејтин. Наутро имало врела вода со мирис на изгорен шеќер.

Контактите со семејството и луѓето биле прекинати. Не постоеле ни хартија, ни молив, ни книга. Не смеело да се погледне кон прозорецот, иако бил покриен со даски. Во една соба од два на четири метри биле ставани по седум до дванаесет затвореници, така што тој што бил во самица ќе полудел од изолираност, а тие што биле натиснати се загушувале меѓусебно. По шеснаесет часа дневно биле принудени да бдеат без да заспијат и без да легнат во кревет. Не смееле да се собираат и да разговараат. Се зборувало шепотејќи. Ништо не било дозволено да се работи, дури ни да се закрпи некој партал. Во собата се спиело и се јадело, се миело и се правеле сите други нешта. Воздухот бил исполнет со неподносливи мириси. Прошетка во дворот била дозволена еднаш на пет-шест месеци, на две-три минути, а се завршувала со казни и ќотек. Ако некој затвореник бил изваден од ќелијата, му ставале црни очила за ништо да не гледа. Бил забранет секаков контакт меѓу ќелиите. Меѓу затворениците биле инфилтрирани агенти доушници. Не се дозволувало да се зборува ниту со стражарите. Медицинската помош била прекината, а стражарите тепале според сопствен мерак.

Освен тепање, постоело и казнување со „подрумот“. Подрумот бил една просторија во подземјето на затворот. Прозорците биле затворени, така што било темно. На подот биле фрлани големи количини измет, па така настанало едно смрдливо и неподносливо мочуриште каде што немало ниту едно мало и суво делче. Подрумот бил голем, но имало и помали соби. Внатре имало таква акустика што секој звук се засилувал. Се слушало како во една скршена музичка кутија: трескањето на вратите, крцкањето на резињата, ударите, лелекањата, врескањата на измачуваните. Тука биле донесувани млади „бандити“, групи и групи, обично голи и боси. Наместо храна им се давало по една црпалка со солена и жешка вода. Пред да бидат фрлени во „подрумот“, затворениците обично биле страшно тепани, онака како што стражарите сакале.      Познавав луѓе што во етапи поминале над шеесет дена во вакви услови. Три дена бил минимумот во „подрумот“ и траело од осум до десет дена, до истоштување и паѓање во мочуриштето. Кога казнетите биле враќани во ќелиите, тие биле болни и не можеле да бидат препознаени. Речиси сите затвореници поминале низ „подрумот“ на Питешти. „Превоспитувањето“ што се извршило таму за некое време го донесе пеколот на земјата.

 *

„Превоспитувачите“, на чело со Еуџен Цуркану,биле сместени во соба 4 Болница. Ова била една голема соба со место за околу стотина луѓе. Наоколу имало дрвени кревети, а во центарот некаков вид ринг,токму за акцијата на „превоспитувањето“.

Тепачите ги почнувале измачувањата без никаков систем, онака, тепале до уништување. На измачување се влегувало во „смени“: петнаесет-дваесет жртви на средина во собата, а другите наредени во „положба на медитација“ по крајот на креветите, со рацете на колена, без да се помрднат или да зборуваат. Биле именувани со „господине“ и „да живеете“, а жртвите со „бандит“. Жртвите биле пцуени, понижувани и омаловажувани со најгнасни и ужасни зборови. И понижувањето да биде уште поголемо –билесоблекувани. Во „смена“ секој издржувал според сопствените сили, но на едно бескрајно измачување никој не можел бескрајно да издржи.

Се практикувале сите можни системи за измачување. Најобичен ќотек се извршувал со тупаница и пендреци. Тепачите станале највешти во ударите на најнежните делови од телото. Крвта што истекувала уште повеќе ги поттикнувала. Имало скршени ребра, коски, ’рбети, скршени глави, извадени очи. Еден младич бил распнат со јаже на две шајки на ѕидот и го удирале во црниот дроб сѐ додека не умрел. На друг му дале да пие солена вода и тој умрел во страшни маки. На многумина им ги корнеле ноктите. Честопати била употребувана кинеската капка – капка вода што тече врз главите на жртвите ден и ноќ сѐ додека не полудат. Доколку жртвата била позначајна личност, измачувањето било пострашно.

Друг начин на мачење бил „купот“ (грамадата). Се правел еден куп од луѓе, така како што се редат дрвата во шумите, а потоа тепачите се качувале врз нив и играле и удирале, а жртвите вриштеле од болка. Но викањето не било дозволено. Устите им биле затворани со гнасните крпи со кои се чистеле вецињата.На многумина им била кубена косата од главата, забите им скокале од уста. Други биле обесени со главата надолу и биле измачувани. Ни говорот не бил заборавен во измачувањата. Фантазијата на мачителите станалa повеќе од ужасна.

Бил познат случајот на еден младич што толкупати бил пикан со главата во кофата со измет што му се појавила една опсесивна мисла и секој ден доброволно одел и си ја пикал главата во кофата со измет. На многумина им наредувале да стојат со една нога и една рака кренати. Ако мрднеле, биле удирани. Неверојатно, но така се здрвувале со денови, со еден очаен напор на волјата.Најдобрите другари биле принудувани да се тепаат помеѓу себе, и ако еден од нив удирал со милост, тој бил тепан додека се лечел од оваа „болест“.

Превоспитувањето имало четири етапи:

  1. Уништување на издржливоста кај луѓето преку употреба на сила до „револуционерен шок“, односно до потчинување, прифаќање на превоспитувањето;
  2. „Самоизобличување“ – требало да се открие сѐ од минатото и од сегашноста, за другари и за непознати. Тоа се правело писмено. Се барала целосна искреност. Ако „самоизобличувањето“ на еден не се согласувало со тоа на другиот, тогаш следеле уште пострашни мачења. Така, веќе никој не смеел да лаже или да крие нешто;
  3. Откажување и исмевање на сите идеали и вредности од минатото, посебно на Бог и верата;
  4. Ангажирање како активист во „превоспитувањето“, со цел на каков било начин да се уништат сите што го одбиваат „преустројувањето“.

Една од паролите на превоспитувачите била: „Треба да ви го чистиме мозокот парче по парче“. И навистина, преку непрекинато мачење се извршило отстапувањето на многумина. Едни издржале еден ден, други – една недела, трети – еден месец, а четврти – неколку месеци, но никој не можел да издржи бескрајно. Нивната издржливост во Питешти зависела од три фактора: личната душевна и физичка издржливост, совеста на секој човек и јачината на притисокот што се извршувал над жртвата.Некои паѓале, а некои сочувале една трага совест до крајот на „превоспитувањето“, иако и тие имале свои падови, но не доброволни, туку насила.

 Јоан Јанолиде, „Враќање кон Христос“

[1]Легионерското движење (или „Легионот на архангел Михаил“) било националистичко, антикомунистичко и антикапиталистичко движење во Романија, кое се застапувало за духовно обновување кај луѓето, засновано на православната вера. Се појавило во 1927 година и траело до почетокот на Втората светска војна. Неговите членови биле охрабрувани да се исповедаат, да се држат до молитвеното правило, да постат, да бидат милостиви, коректни, точни, сочувствителни, секогаш подготвени да им помогнат на другите, послушни и трудољубиви. Учествувале во изградбата и поправањето на цркви, училишта, патишта, мостови итн.

images

БАЈА СПРИЕ: ВОСКРЕСЕНИЕ ПОД ЗЕМЈАТА

 

Во 1954 година, Воскресението Христово го празнувавме под земја. Направивме камбани од бургиите, а ножевите за сечење камен ги врзавме со јаже, па ги удиравме со една железна шипка и така го објавивме почнувањето на службата. Чуварите се исплашија и се скрија, но не се осмелиле да им јават на секуристите. А и после тоа ништо не рекоа.

Сите ламби ги изгаснавме. Потоа, отец Антол ја запали неговата ламба и рече: „Дојдете да земете светлина!“, и сите ги запаливме ламбите. Службата продолжи и почнавме да пееме „Христос воскресна“. Служевме Света Литургија осумстотини метри под земјата, со ламбите со карбид во рацете; ни стравот, ни темнината, ни длабочината на земјата не можеа да ги спречат нашите гласови од длабочината на душата да Му принесат слава на Бог. Неколку мигови живеевме заборавајќи дека сме затвореници.

Насред службата кон нас се приближи шефот на доушниците, Петреску, и тој беше затвореник како нас. Другите затвореници нѐ прашаа:

  • Што да правиме?
  • Ништо, продолжуваме! – им одговорив.

Кога Петреску го виде нашиот спокој, ништо не се осмели да каже, и тој се нареди меѓу другите затвореници и присуствуваше на Литургијата докрај.

Таква сила и благодат имаа овие Литургии – на кои преку смелоста да ги служиме, ние самите Му се принесувавме на Бог како жртва – така што многумина од лошите ѕверови станаа кротки јагниња и беше чудо да се види како, иако не секогаш тоа го покажуваа јавно, во нивните срца настануваше промена. Духовниот меч на благодатта ги пробиваше нивните срца и ги омекнуваше овие луѓе за кои никој не би помислил дека ќе има спасение.

отец Николај Гребенеа, „Сеќавања од темнината“

 *

Најважниот опит што може да се здобиево животот е да се познаеш самиот себе, во својата апсолутна зависност од Бог. И таму, во затворот, откривавме дека не сме сами во нашите маки, дека постои Бог Кој нѐ следи и ни помага во борбата, само ако се има добра волја и надеж. Познавајќи се самите себе, ја откривавме повозвишената смисла на животот, неговата висока предназначеност, многу повисока од ништожноста на секојдневниот живот, ја откривавме силата над самите себе, така како што никогаш не ќе се познаевме во околностите на обичниот живот.

Во затворот Бог беше поблиску до насотколку во кои било други околности. Во затворот настанаа најсилните луѓе. Комунистите не го разбираа ова – дека на крстот душата добива вистинска слобода, дека сите нивни начини за психичко и физичко измачување и уништување, сите начини за „превоспитување“ направија повеќе светители отколку робови, ја осветија земјата на татковината со маченичка крв.

iustinparvu

отец Јустин Парву

 Од последниот број на „ПРЕМИН“, кој сеуште е во продажба.



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7621
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная