логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Архимандрит Лазар Витаниски-

Секој чекор на патот на духовниот живот на христијанинот не е ништо друго, туку покајнички подвиг на срцето што ги согледува своите гревови. Со покајанието, за оној што почнал да верува во Бога, се отвораат вратите во црковниот свет и само преку покајанието ќе му се отворат рајските врати. Кратко речено - почетокот на покајанието е почеток на спасението.

Во наше време има многу луѓе што ја спознале мрачната длабочина на неверието и безбожноста, кои ги вкусиле погубните плодови на најсмрдливите гревови, но кои, по Божја милост, се ослободени од овој пекол и се повикани на светлост, будење, живот преку покајание и светата тајна крштавање, преку исповедување на своите страшни гревови и нивно опростување, преку примање на благодатните сили во светата тајна причестување. Тие се раѓаат за нов живот, кој е потполно поинаков, кој ни малку не личи на животот што дотогаш го живееле. Но, овој нов живот бара одрекување од многу претходни поими, вредности, навики, знаења и вкусови, и тој, често, бара потполно заборавање на целиот ужасен гревовен хаос што останал зад човекот, и кој човекот го отфрлува со почетокот на своето спасоносно покајание. Овој процес на одрекување од стариот живот, обновување и воскреснување на душата е многу сложен и кај секого е различен и таинствен. Бог, по патиштата што само Он ги знае и со несфатливите Свои судови, секој човек го ослободува од овој гревовен содом, од египетското ропство, и го води преку пустината на очистувањето во Ветената Земја. Свети Теофан Затворник длабоко и детално го анализира овој момент на почетокот на духовниот живот во книгата Пат кон спасението.

За тоа како треба да се каеме за направените гревови, какви се тие гревови, колку се тешки, како човек да ги напушти и повеќе да не ги повторува - за сето ова се составени многу поуки, за тоа често зборуваат свештениците во храмовите, многу верници некако и сами го знаат тоа, зашто не е тешко да се согледаат надворешните гревови што се направени со збор и дело, односно да се согледаат своите очигледни наклоности и страсти. Секако, и на овие први скалила и чекори кон побожноста секој нов верник среќава многу препреки, борби, тешкотии и тага. Но, овде се уште се јасно се гледа, злото не е прикриено, тоа гласно сведочи за себе, потребни се само храброст и решителност, цврста намера човекот да започне нов живот и конечно да прекине со стариот живот. И кога верникот ќе ги оствари тие први мали победи над себе тој почнува да чувствува огромно внатрешно олеснување, ослободување, помирување со Бога, со совеста, со луѓето, како да исфрла тешко бреме од грбот, што го притискало целиот живот, чувствува радост и прилив на нови сили и со воодушевување влегува во црковниот свет, во новото семејство, почнува нов живот. И ако новопросветениот христијанин со Божја помош успеал да ги отфрли своите претходни гревовни дела и ако сите свои воскреснати сили ги насочи на новиот пат тогаш... дури тогаш за него почнува она најважното и најтешкото.

Кога човекот ќе ги согледа многуте свои очигледни гревови, тогаш стекнува правилно мислење за себе, зашто тоа во неговата душа внесува страв Божји и трепет пред судот Божји. Тој тогаш го чувствува правецот по кој треба да оди. Но, кога верникот, по милоста Божја, ќе ги отсече своите очигледни гревови, покајанието станува значително посложено и почувствително, почнува да се заканува голема опасност човекот да го изгуби патот, единствениот вистински и тесен пат кон спасението и да се сврти кон широкиот пат на самозадоволството и гордоста. И иако се каеме за поранешните гревови и го напуштаме својот претходен срамен живот, и иако добиваме опростување од Бога за многуте гревови, ние и понатака патиме од многу духовни болести, страсти и грешни навики, болни ни се: срцето, разумот, волјата, сите наши чувства. Гревовите ни се простени, но страстите се уште се живи во нас, ние не правиме грешни дела, но склоноста кон нив, желбата за нив уште е жива во нас, и сето ова бара уште многу покајнички труд, многу борба, болни повикувања и молби упатени кон Милостивиот Лекар - Човекољубецот нашиот Господ. И до кога така? Додека живееме во тело!

Токму овде се наоѓа раскрсницата: на многумина овој пат не им изгледа ни малку привлечно - непрестано покајание, постојано незадоволство од себе, недоверба во себе, сомнеж во сите свои чувства, во сите движења на душата, некаква постојана внатрешна напнатост, болка и горчина. А човекот, напротив, би сакал веднаш да добие потполн мир, внатрешна угодност, чувство на духовно задоволство со самиот себе, чувство на своја значајност и избраност. И добро е ако оној кој штотуку стапил на христијанскиот пат веднаш сретне вистински наставник, кој на самиот почеток ќе му укаже на правиот пат, кој ќе го научи да не бега од спасоносната тага и скрушеност, да не ја отфрла од себе оваа непријатна, но корисна претстава и глетка за болеста на својата душа, да не ја крие зад лажното мислење за себе и самооправдувањето, туку да ја носи оваа болка како свој крст, како вистинско сведоштво за правилноста на избраниот пат (зашто Спасителот на Своите следбеници им ја прорекол оваа болка што потекнува од нашата падната природа: Во светот ќе имате маки (Јн. 16, 33). Зашто, оној што не ќе го замрази сиот грев околу себе и својот грешен живот не може да биде Христов ученик! Како залог за идната радост човекот треба да ја чува оваа самоосуда како евангелската сол, без која секое делување на душата веднаш почнува да трули и да смрди.

А често се случува токму спротивното! Ова стана веќе раширена болест во нашето време: сега луѓето заради сладострастието што се вкоренило во нив, заради наклоноста секогаш и во се да бараат комфор и пријатност, самиот духовен живот го сфаќаат како средство за најбрзо добивање на некакво внатрешно „блаженство", сладок мир и еуфорија. И сега наидуваме на ваква слика: човекот ги исповедувал своите поранешни тешки гревови, одел малку во црква, на исповед уште неколку пати се присетил на нешто од минатото, се научил малку да се моли, надворешно почнал да води среќен живот, но и понатаму не гледа заради што треба да се кае: „Живееме некако нормално, немаме некои посебни гревови. Да, ни доаѓаат различни лоши мисли, оживуваат старите страсти во срцето, но тоа е кај сите така. Меѓутоа, колку добри дела правиме сега" итн. Така уште на самиот почеток човекот може да развие бесчувствителност за своите гревови. И ако не се научи внимателно да гледа на слабостите на својата душа, ако во неа не израсне внатрешно покајание, без него целиот духовен живот нема да има вистински ориентир, ќе скрене на лажен пат, во погибелна прелест. Тогаш човекот не само што нема да умее да ги воочи своите скриени страсти, туку и ќе почне да си замислува дека е особено надарен, дека има „духовни", „благодатни" и „свети" дарови. Сите овие појави на душевното дејствувње што на човекот му изгледаат светли, благодатни и богоугодни создаваат кај него впечаток за некаква негова особена избраност, му изгледаат како почеток на возвишен духовен живот.

И навистина, кај човекот, кој создал некакво лукаво мислење за својата праведност, за тоа дека веќе стои на некакво значајно духовно ниво, се појавува чудно и необјасниво воодушевување, плима на некакви душевни сили, необична распаленост што тој ја сфаќа како света ревност, како и пориви на бурни душевни активности. Ни малку не е едноставно во овие движења да ја познаеш маската на самоизмама. Потребно е духовно искуство за човекот навистина да ја разликува ваквата болна распаленост од вистинската ревност. При сето тоа, човекот што скршнал од правиот пат не престанува да се нарекува грешник и делумно се смета за таков. Се работи за тоа што овде страстите почнуваат да делуваат многу лукаво и скриено, така што тука постои дури и признавање на гревовноста, но тоа е многу површно, повеќе е на зборови отколку во чувствата, додека признавањето на својата праведност лежи длабоко во срцето, иако со зборови, можеби, човекот не ја изразува.

Сега се гледа колку е важно, уште од самиот почеток на духовниот живот, на верникот да му се даде добар правец, да се предупреди да не му се случи слична самоизмама, да не му се допушти да се смета дека е оаза во пустината на Ветената Земја (св. Игнатиј Брјанчанинов), односно да не му се дозволи да мисли дека е спасен и избавен од опасностите кога штотуку стапил на патот на борбата. А за тоа е потребно на новиот верник, штом се покае за гревовите што порано ги направил, да му се даде поука за сложеноста на внатрешните страсти, да му се отворат очите за длабокиот мрачен свет на внатрешната гревовна заболеност на душата, за светот на лукавствата на лукавиот против кого ќе мора да се бори, а кој често ќе се крие зад маската на добродетелите и праведноста. Затоа е важно на човекот веднаш да му се укаже на потребата за постојано, вистинско и внимателно преиспитување на нашите наводни „добродетели" и појавата на нашата „духовна" огненост, ревност и нагли пориви кон возвишени подвизи.

Целта на оваа книга, со помош на поуките на светите отци од древните времиња и отците од последните времиња, е да се предупредат христијаните-почетници, да се упатат на внимание и да се отрезнат, така што ќе им биде укажано на некои тајни мрежи на скриени болести на душата, како и на оние привидни „добродетели" зад кои, исто така, се кријат духовни болести на душата.

 Извадок од книгата:

ПОКАЈАНИЕТО- ПАТ КОН ВЕЧНОСТА

Издавач: Канео ,Охрид, Дебарско- кичевска епархија

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3143
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7623
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

25/11/2024 - понеделник

Свети Јован Милостив; Светиот пророк Ахија; Преподобен Нил Синајски; Преподобен Нил Мироточив;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная