логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 Stefan.Petkovden.jpg

Причестување на верниците

Непосредно по причестувањето на свештенослужителите следува причестувањето на верниците. Од дамнешни времиња е востановено народот да се причестува веднаш по завршувањето на причестувањето на клириците. За тоа сведочи Етерија (Силвија Аквитанка), литургиите на Апостолските уредби II и VIII книга, Јустин Философ итн. Затоа целосно е неоправдан новиот обичај, што од пред некое време се востанови на Исток (само во некои области), причестувањето на верниците да се врши дури по завршувањето на Светата Литургија, т.е. по отпустот, а тоа се прави за (со причестувањето во текот на Литургијата) да не се "задржуваат" другите верници кои не се причестуваат. Тоа е само уште еден доказ за нашата расцрквенетост и за губењето на евхаристиската свест. Тоа противречи на устројството и содржината на Литургијата во нејзиниот последен дел, токму затоа што во химната "Да се исполни устата наша..." се пее - "зашто си не удостоил да се причестиме"; затоа што во ектенијата која следува се говори: "... Откако ги примивме божествените, свети, пречисти... Христови Тајни..."; и затоа што пренесувањето на Светите Дарови од Престолот на Жртвеникот го означува Вознесението Господово, па поради тоа повторното враќање на Светите Дарови на Престолот претставува извитоперување на смислата на Литургијата.
Причестувањето е највозвишен момент од Евхаристијата и ја покажува целта на самата Света Тајна (Евхаристија). Претворањето на Лебот и Виното во Тело и Крв на Спасителот не се врши заради самото претворање, туку токму заради Причест на свештенослужителите и на присутните верници. Во Светата Причест се остварува и се исполнува евхаристичноста на Црквата. Самиот збор Причест укажува на посебната врска што се воспоставува помеѓу верниците и Христа Спасителот. Свети Јован Златоуст (во "24 беседа" на 1. Кор. 10 глава) говори дека христијаните, причестувајќи се со Светиот Леб, се соединуваат едни со други и со Христос, бидејќи Светата Причест е неспоредливо посилна од секоја друга врска. "И како тоа Тело се соединува со Христа, така и ние, преку тој Леб, се соединуваме со Христа." "Зошто велам ,приопштување' - когусоуга? Затоа што ние сме самото тоа Тело. Што е Лебот? Телото Христово. Што постануваат оние што се причестуваат? Тело Христово. И тоа не многу тела, туку едно Тело." Понатаму, свети Јован Златоуст го објаснува ова со примерот на многу зрна пченица кои постануваат еден леб. Многуте причесници го сочинуваат едното Тело Христово, т.е. Неговата Црква.
На Исток од дамнина се востановила ваквата терминологија:  кај свети апостол Павле (1.Кор. 10, 16)   во 13 правило на Никејскиот собор;    кај Филосторг;  кај Теофилакт. Понекогаш наоѓаме и други изрази како што се, на пример,  ;  ;    . На Запад се востановиле следниве изрази: communio, communicatio, perceptio corporis et sanginis participatio. Римската пракса притоа ја прави следнава разлика: communicare - било причестување со Телото Христово од рацете на епископот, confirmare причест со Крвта Христова од рацете на ѓакон (Ordo Romanus, I, 20). Словенската терминологија се вообличила во согласност со грчката: причест, приопштување. Во секој случај сите овие поими изразуваат една иста смисла: единство на оние кои веруваат, т.е. на причесниците меѓу себе и со Христа, Главата на мистичното Тело на Црквата.
Во денешно време, Служебникот пропишува свештенослужителите, откако ќе се причестат, да ги отворат Царските Двери. Свештеникот го зема Путирот, кој обично не е покриен со покривало, туку со убрусот за бришење на устата и врз кој е положена лажичката, и го предава на ѓаконот, а тој го изнесува од олтарот говорејќи: "Со страв Божји, вера и љубов пристапете". Грчкиот Служебник пропишува, откако свештенослужителите ќе се причестат, на певците да им се даде знак да престанат со пеење на киноникот. Тој знак го дава свештеникот тропнувајќи со ѕвездичката по работ на дискосот, по што ѓаконот изговара: "Со страв Божји, вера и љубов пристапете" Тој возглас е многу стар и се среќава во најстарите ракописни формули на Литургијата. Словенската редакција на овој возглас се загубила со текот на времето. Меѓутоа, тој возглас целосно одговара на смислата на евхаристиските молитви. Во втората молитва на верните во Литургијата на свети Јован Златоуст се вели: " ... Дај им на оние кои секогаш Ти служат со страв и љубов, невино и неосудено да се причестат со Твоите Свети Тајни...". И на Литургијата на Предосветени Дарови се пее: "Со вера и љубов да пристапиме, причесници на вечниот живот да бидеме." И во првата утрена молитва што свештеникот ја чита за време на шестпсалмието се вели: "И дај им на оние што секогаш со страв и љубов Ти служат да ја фалат неискажаната Твоја добрина... "Ова заедничко спомнување на страв и љубов во никој случај не противречи едно на друго, бидејќи тоа никако не е оној паничен страв, ропски страв кој се изгонува со љубовта (1. Јов. 4, 18), туку страв синовски, пронижан со почитување на највозвишените Тајни и со љубов кон Небесниот Отец.
Во наше време причестувањето на верниците се врши со помош на посебна лажичка со која на верниците им се даваат заедно Телото и Крвта Христови. Во дамнешното минато не било така. Верниците се причестувале најпрво со Телото па со Крвта, т.е. онака како што денес се причестуваат свештениците и ѓаконите. Опис на ваквото одвоено причестување на верниците наоѓаме кај Тертулијан (De idolatria, сар. VII; De corona, сар. III) и кај некои други древни писатели. Телото се примало на дланката од десната рака. Мажите го примале Телото непосредно во десната рака, додека жените ја покривале десната рака со посебен убрус што се нарекувал "dominicale". Трулскиот собор со своето 101 правило забрани Светите Дарови да се примаат во садови, направени од благородни метали, бидејќи раката човечка која е образ и подобие Божјо, е подрагоцена од секој метал. Верниците Светите Дарови често ги носеле во своите домови и постоел обичај христијаните со тие донесени Дарови самите себеси да се причестуваат во своите домови. За таквото домашно причестување ни зборуваат: Тертулијан (Ad uxorem, II, 5); свети Кипријан Картагински (De lapsis, сар 26); свети Василиј Велики (Epist. 93), Руфин (Historia monochorum); Јован Мосх во својата 'Духовна градина" (гл. 29-30). Овие тројца последни писатели главно сведочат за овој обичај во монашката средина. Сам се наметнува заклучокот дека ваквото домашно причестување не можело да се врши во двата вида, бидејќи верниците со себе во своите домови ја носеле само честицата од Светото Тело. Во подоцнежните времиња обичајот на одвоеното причестување (со Лебот, па со Крвта) исчезнал од употреба на Исток. Црквата вовела посебна лажичка за причестување на верниците со Телото и Крвта заедно. Бидејќи на Трулскиот собор се уште се зборувало за разделното причестување и за предавањето на (честицата) Телото право во рацете на верниците, неосновано е да се мисли дека лажичката ја вовел свети Јован Златоуст, како што мислел Никифор Калист10. Лажичката е воведена по Трулскиот собор, т.е. во никој случај пред VIII век. Лажичката на грчки се нарекува , што значи машички, што ги симболизира таинствените машички за разгорениот јаглен од видението на пророкот Исаија (Иса. 6, 6).
На Исток и кај нас (православните на Запад) причестувањето на верниците се врши надвор од олтарот на солејата. При причестувањето на секој верник свештеникот секогаш изговара: "Се причестува работ божји (името) со чесното и свето Тело и Крв на нашиот Господ и Бог и Спасител Исус Христос, за отпуштање на гревовите свои и за живот вечен". Гаконот ја брише устата на причесникот со убрусот, а причесникот го целива Светиот Путир. Треба да се забележи дека свештеникот (задолжително) пред Причеста треба да им укаже на верниците дека не треба да се крстат пред Путирот, со усните влажни од Причест да не му бакнуваат рака на свештеникот, туку исклучиво подножјето или работ на Путирот. Кон Путирот треба да се пристапува со раце прекрстени на градите.
На Запад не постоела секаде единствена пракса при причестувањето на верниците. Така, на пример, во Галија верниците, за да се причестат, влегувале внатре во свештената олтарска преграда (4. правило на соборот во Тур, 567 година). Во Шпанија повисоките клирици се причестувале во олтарот, пониските клирици пред олтарот во хорскиот простор, а верниците надвор од хорскиот простор. Во Рим постоела пракса свештеникот при причестувањето на верниците да произнесува: "Corpus Domini nostri Jesu Christi conservat animam tuam." Или според сведочењето на Јован Ѓакон - "Corpus Domini nostri Jesu Christi sit mihi remedium sempiternum in vitam aeternam" и " Corpus Domini nostri Jesu Christi custodiet me in vitam aeternam". Во списот De sacramentis е пропишано свештеникот да говори: "Corpus Christi", на што верниците одговарале со : "Аmen".
Денес, како што веќе на тоа укажавме, верниците прилично ретко се причестуваат, во секој случај не на секоја Литургија. Во минатото било поинаку. Присуството на Литургијата претпоставувало и примање на Светата Причест. На Литургија не се доаѓало за да се слуша оваа или онаа прекрасна песна, гласот на ѓаконот, ниту пак, за да се гледа раскошниот обред на соборното служење. Присуствувањето на Литургијата подразбирало и пристапување кон Светата Причест. Денес причестувањето се претворило во "последица" на постот, негов завршен акорд. Верниците се причестуваат по исповедта, а се исповедаат еднаш годишно, а понекогаш и поретко. Причестувањето, на тој начин, постанало некаква вонредна случка во црковниот живот. Во древната Црква, во која нивото на христијанскиот етос било неспоредливо поголемо отколку денес, исповедта била вонредна случка, бидејќи покајната дисциплина течела на друг начин, додека причестувањето било секојдневно или секанеделно. Причестувањето, како што веќе рековме, е учествување во животот на мистичното Тело на Црквата. Оној кој не се причестува не може себеси да се смета за црковен. "Расцрквенетоста" на современото општество во голема мерка се објаснува со отсуството на правилен евхаристиски живот кај верниците. Сите древни писатели зборуваат за секојдневното причестување на верниците. Сведоштво за ова наоѓаме во "Учењето на дванаесетте Апостоли" (гл. 14), кај Тертулијан, Иполит (Римски), Кипри¬јан Картагински, (Блажениот) Августин, Илариј Пиктавијски, Амвросиј (Милански). Исто така и кај источните писатели: Јустин Филозоф, Климент Александриски, Ориген и други. Свети Василиј Велики, на пример, во своето 93 писмо до Патриција вели: "Добро и корисно е човек да се причестува секојдневно". Според сведочењето на истиот овој Свет Отец во Кападокија верниците се причестувале четири пати неделно: во недела, во среда, во петок и во сабота. Во Александрија долго се зачувал обичајот верниците самите себе да се причестуваат со Светите Дарови, кои ги носеле во своите домови. Во египетските манастири се причестувало еднаш неделно. Свети Јован Златоуст зборува за слабеењето на евхаристискиот поредок, т.е. за реткото причестување како за загрижувачка појава на своето време (Беседа XVII, 4 на посланието до Евреите; Беседа III на посланието до Ефесјаните; За блажена Филогонија).
На Исток, повеќе отколку на Запад, се зачувал вредниот за пофалба обичај на причестувањето деца. Во тоа повеќе (од Запад) сме го зачувале обичајот на (христијанската) старина. Западните учења не можат да не ја признаат древноста на тој обичај, како и тоа дека Запад отстапил од тој древен обичај. Свети Јустин Философ, исто како и Ориген, зборува за примањето на Светата Причест веднаш по Крштевањето, а бидејќи во тоа време не се крштевале само возрасни туку и деца, најверојатно е дека и децата биле причестувани (веднаш по Крштението). Тие писатели немале никакви забелешки на овој обичај. Од делата на другите писатели дознаваме сосема јасно за причестувањето на децата. Така на пример, за тоа зборува свети Кипријан Картагински (De lapsis, сар. 25). блажени Августин (Epist. 217 ad Vital pelag.), Апостолските уредби (VII книга гл. 12-13), Заветот Господов, Јован Мосх, (Псевдо-Дионисиј) Ареопагит (За црковната ерархија, гл. VII). За неопходноста од причестувањето на децата совршено јасно пишува и папата Инокентиј I (на отците на Милевскиот собор), папата Лав Велики, папата Геласиј. (За причестувањето на децата пишувал и Просперо Аквитански, а со тоа се занимавал и соборот во Тур 813 година).
Запад, како и во многу други случаи, подоцна отстапил од ова древно христијанско предание и го ограничил причестувањето на децата на возраст кога децата се веќе во состојба да ја сфатат разликата помеѓу вистинскиот леб и евхаристиското Тело Христово. На Запад, значи, преовладува рационалистичкиот момент, додека на Исток никогаш не беше важно сфаќањето на Светата Тајна, туку токму мистичното дејство и обожувањето кое се свршува во Светата Тајна Евхаристија.
Говорејќи за причестувањето на децата (особено на доенчиња) треба да се забележи дека свештениците ги причестуваат обично само со Чесната Крв, при што од Путирот не земаат честици од Телото, бидејќи на детето му е тешко истите да ги проголта. Затоа на Литургијата на Предосветени Дарови не се причестуваат деца (кои не можат да ја проголтаат честицата на Телото Христово), бидејќи на таа Литургија во Путирот нема Чесна Крв, туку само вино. Самиот Агнец е натопен со Чесната Крв, а виното се влева во Путирот заради полесно причестување со честиците на Телото Господово. За да се избегнат непретпазливите движења на детето, тоа треба да се држи на десната рака, а со левата да се придржуваат рацете на детето.
Православната Црква од дамнина го прифатила и зачувала обичајот на причестување во два вида, т.е. одвоено со Телото и Крвта Христови. Со тоа се исполнува заповедта Господова: "Пијте од неа сите..." а не само клириците. Како што веќе укажавме на тоа, при самостојното домашно или ќелијно причестување на верниците или на монасите, тоа причестување можело да биде само во еден вид, значи со Телото Христово, а црковната пракса пропишувала причестување во двата вида. Запад, пак, многу рано тргна по друг пат и почна да воведува причестување само во еден вид - во вид на Телото.
Такви примери имало во времето на папата Григориј I, потоа во времето на свети Григориј од Тур. Во 3. правило на соборот во Тур (813 година) се зборува само за Телото Христово. Тоа од Констанцискиот собор (кој заседавал на 13 и 15 јуни) 1415 година кај Латините постанало озаконета норма од која тие, секако, лесно отстапуваат во таканаречениот "источен обред".
Значи, откако свештенослужителите ќе се причестат, се изнесува Светиот Путир со возгласот: "Со страв Божји, вера и љубов пристапете". Свештеникот ја чита молитвата пред Светата Причест: "Верувам, Господе, и исповедам..." и "Прими ме денес, Сине Божји, за причесник..." и "Причестувањето со Твоите Свети Тајни, Господе, да не ми биде за суд или за осуда...", по што ги причестува верниците.
Верниците се должни за достојно примање на Светата Причест да се подготват со повеќедневна аскетска подготовка, т.е. да го посетуваат храмот, поусрдно да се молат дома, да размислуваат за претстојното примање на Светите Тајни, да постат, да се воздржуваат од се што може да го наруши нивниот внатрешен мир и да ги оскверни нивните мисли, желби и чувства, да го читаат Евангелието или црковни и верско-поучни книги. Свештеникот е должен (од амвонот, на исповедта или во поединечни разговори) да ги поучува верниците за тоа дека е неопходно вечерта спроти Литургијата дома да ги прочитаат пропишаните канони, акатист и молитвите пред Светата Причест.
Молитвата пред Светата Причест е со древно потекло и е позната не само од византиските, туку и од другите Литургии. Така во сите александриски, вклучувајќи ја тука и епископската Литургија (освен Марковата Литургија), свештеникот, по возгласот "Светињата е на Светите", го произнесува следново исповедание: "Телото свето и Крвта чесна, вистинска на Исуса Христа Синот Божји. Амин. - Светото чесно Тело и Крвта вистинита на Исуса Христа Синот Божји. Амин. - Телото и Крвта на Емануил нашиот Бог. Ова е навистина. Амин. - Верувам, верувам, верувам и исповедам до последен здив дека ова е животворното Тело на Единородниот Твој Син, Господ и Бог и Спасител наш Исус Христос, што Он го прими од Светата Владичица наша и Богородица и Секогаш дева Марија, и го направи едно со Своето Божество без мешање, без слевање, без промена, и го посведочи пред Понтиј Пилат добро исповедање и го предаде Телото Свое за сите нас на дрвото на Светиот Крст по Своја волја. Навистина верувам дека Неговото Божество никогаш не се оддели од човештвото Негово, ниту за миг. Он го предаде Своето Тело за искупување и оставање на гревовите и за живот вечен на оние што од Него се причестуваат. Верувам дека ова е вистина. Амин." Овие зборови за соединувањето на двете природи се припишуваат на коптскиот патријарх Гаврил (XII век) кој ги внесе во оваа молитва 1131 година.
Но, според мислењето на Енгебрдинг овие зборови не треба да се сфатат во монофизитска смисла. Тие биле современи на Халкидонскиот собор, зашто изразот , ,   можно е да се најде и кај свети Кирил Александриски.

Причесен (киноник)

Веќе рековме дека по возгласот "Светињата е за светите" певците ја пеат "Еден е Свет, еден е Господ..." и потоа "киноникот". Овој обичај е многу стар. Ерусалимската Црква, според зборовите на свети Кирил Ерусалимски (Мистагогија XXIII, 20) и на блаж. Јероним (Толкување на Исаија, гл. 20) пропишувала пеење на стихот "Вкусете и видете колку е добар Господ“ т.е. стихот од 34 псалм. Литургијата на VIII книга на Апостолските уредби исто така пропишува пеење на 34 псалм.
На Литургијата на свети Апостол Јаков исто така се пее "вкусете и видете". Во време на царот Јустин I, според зборовите на Кедрин, почнало да се пее "Прими ме денес, Сине Божји, за причесник...". Во Александрија не се пеел стихот од 34, туку од 42 псалм: "Како што кошутата жеднее по водни извори, така и душата моја, Боже, копнее по Тебе“ Кај несторијанците се пеел стих од 149 псалм : "Фалете Го на соборот на светите" и потоа "Браќа, примете Го Телото на Синот, повикува Црквата, и пијте ја Чашата Негова со вера во домот на Царството". На Коптската Литургија, според сведочењето на преосветениот Профириј (Успенски), се пее 50 псалм.
И на Запад се востановила пракса на пеење стихови од псалми по одреден ред. Тоа се нарекува соттишо. На мозарабската Литургија тој стих се нарекува "ad accedendum" и обично се состои од одбрани стихови од истиот 34 псалм.
Веќе рековме дека пеењето на таканаречените "концерти" за време на Причесната во никој случај не е за пофалба. Многу е поважно да се пеат песни со изградителски карактер, првенствено со строг, вообичаен напев или да се читаат молитви пред Светата Причест или пак, да се читаат некакви други поуки од светоотечката литература.
За да го завршиме разгледувањето за Светата Причест, треба да дадеме уште неколку забелешки кои се однесуваат како на свештенослужителите, така и на верниците кои се удостојуваат со Света Причест во одредениот ден.
Многумина за примање на Светата Причест се подготвуваат со подвиг, молитва, воздржување, исповед, но по Светата Причест многу бргу се враќаат на својот вообичаен (недуховен) начин на живеење. Забележливо е дека причесниците, по завршувањето на Светата Литургија, примајќи ги честитките од своите ближни, повторно се впуштаат во истите световни разговори и суети, од кои за време на подготовката за Светата Причест се труделе да се ослободат. Честопати уште веднаш во црквата се започнуваат разговорите, причесниците брзаат да го напуштат своето место во црквата каде што до пред малку биле "учесници во Божјата природа" (2. Петр. 1, 4). За пример можат да ни послужат нашите браќа од Запад, кои настојуваат по Светата Причест уште малку време да останат во црквата, во која веќе нема народ, за да размислуваат за тоа дека тој ден биле и се учесници во Тајната Христова Вечера.
Треба да се спомне и следново:
1) Задолжително е со внимание да се сослушаат или лично да се прочитаат благодарните молитви по Светата Причест.
2) Како што веќе рековме, верните не треба да се крстат пред Путирот, ниту да ја целиваат раката на свештеникот (по Светата Причест). Устата на причесникот може да биде се уште влажна од Светата Крв и затоа не треба да се наведнува кон раката на јерејот. Но тоа не значи, како што многумина мислат, дека цел ден по Светата Причест за време на земање благослов од свештеникот не треба да се целива раката на свештеникот.
3) По примањето на Светата Причест би требало да се пивне малку топла вода измешана со вино и да се исплакне устата, за во неа случајно да не заостане некоја честица од Телото Христово, а (ако се најде) треба да се проголта.
4) Причесниците цел ден по Светата Причест не треба да клечат ниту да прават земни поклони. Поклоните се израз на тага и покајание што не им прилега на оние што се причестиле, додека клечењето, воопшто земено и строго говорено, не претставува православен обичај, туку е нешто што сме го примиле од Запад. Ниту нашите старообредници кои во многу работи можат да ни послужат за пример на чување на благочестивите преданија и обичаи, ниту нашите источни браќа (Грци, Срби, Романци и др.) не клечат на колена. Наместо клечењето на колена, на Исток се прават земни поклони, метании, но, како што веќе рековме, во денот на примање на Светата Причест метаниите покајните поклони не се умесни. Бидејќи со вечерта почнува новиот црковен ден, непишан манастирски обичај е по химната "Свјате Тихиј..." можат одново да се прават земни поклони.

 (Продолжува)

 Прот. Владимир Амфитеатров- КУСИ ПОУКИ ЗА ОНИЕ КОИ СЕ ПРИЧЕСТУВААТ

Извор: Ѓаконија, Скопје 2002

Главен и одговорен уредник:

Митрополит Брегалнички г. Агатангел

 vozdvizenie.jpg

 Архимандрит Кипријан (Керн)- Причестување на свештенослужителите (1)

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная