логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Hristos.Adamvoad.jpg

ЕДНИ СЕ НАСМЕАЈА, А ДРУГИ РЕКОА:
„Другпат сакаме да слушаме за тоа“

Христос Воскресна! И ни дарува живот вечен, нам кои се поклонуваме на Неговото тридневно Воскресение. Ни дарува живот вечен, односно ни даде на сите нам кои се поклонуваме на Неговото Воскресение можност да совоскреснеме и ние со Него. Христос Воскресна и ние, свештенството, насекаде каде што богослужиме Воскресна Литургија, секоја година од Велигден до Спасовден радосно ја објавуваме Вистината. Ние објавуваме, а речиси стопроцентно народот, кој пристапил во храмот да го пречека и прослави Воскресението, громогласно одговара дека Христос навистина Воскресна. И уште сите да веруваа во тоа што го кажуваат, слободно можеше да дојде крајот на светот, бидејќи Господ Бог сака сите да се покајат, да поверуваат и да се спасат. Ќе беше пресреќен, зашто Господ не ја сака смртта на грешникот, туку сака сите да поверуваат и да се спасат, односно да се преселат во живот вечен кога имаат најмногу вера и покајание, а најмалку причини за осуда. А пред почетокот на Великиот пост имавме Прочка, низ постот - воздржание, па белким на крајот од вера доаѓаме во Црква, а не од традиција. Конечно, тоае и ветено од Бог дека еден ден ќе се случи, а тоа е и смислата на христијанскиот живот. Но, се сомневам во искреноста на одговорот, па се молам се уште поединечно да се преселуваме во Царството Небесно. Но, сега да се обидам и да го појаснам ова мое кажување.
Деновиве кога требаше да седнам за да го напишам текстов, читајќи од Новиот Завет, поточно од Делата апостолски, дојдов до една реченица која ме натера да размислам за погоре изнесениот сомнеж т.е. за разликата во процентот на оние кои одговараат на „Христос Воскресна!", и на оние кои се сомневаат или не веруваат во тоа. Читав за настапот на светиот апостол Павле во Ареопагот пред атинсните учени (философите) од тоа време (Дела, 17. глава). Попрецизно, станува збор за она место кога Апостолот зборувал пред насобраните во Ареопагот за Непознатиот Бог, на Кого атињаните Му имале направено и жртвеник, и им објаснувал дека тој непознат за нив Бог е всушност Христос, Кој воскресна од мртвите. Кога чуле за Воскресението од мртвите, не останале рамнодушни, туку како што стои во Делата: Едни се насмеаја, а други рекоа: „Другпат сакаме да слушаме за тоа"(Дела 17,32).
Е да, - ќе рече некој - тоа било пред 2000 години, и што? Ама овие првите што се насмеаја, и денес често ги среќавам. Можеби и во уште полоша варијанта, такви што не само што се смеат туку и се потсмеваат, па дури и полемизираат тврдејќи дека тоа се приказни за малите деца и убедуваат дека навистина нема историска потврда за Воскресението што се случило. А тоа е исто како да поверувале на зборовите на потплатените стражари дека додека спиеле, дошле учениците и го однеле телото (Матеј 28, 13). А, од друга страна, истите се декларираат за православни христијани. Парадокс, би рекол.
Но, не се сите такви. Има, додуша, и една така повоздржана струја, која е најбројна, и која не се смее но наголемо се сомнева, можеби не толку во Воскресението Христово, колку што во нашето воскресение и во можноста по смртта да наследиме живот вечен во Царството Небесно. Оваа група од христијанството си направила некоја своја верзија, која слободно можеме да ја квалификуваме како ерес. Верзија во која веруваат во Бог и Му се молат само за да бидат заштитени од искушенија, да бега од нив секакво зло, да ги следи Божјата милост и благодат... - со еден збор, за нив христијанството е вера само во блажен земен живот. Веруваат дека Бог ги услишал нивните молитви само кога ќе ги избави од некоја опасност, кога ќе ги исцели од некоја болест. Веруваат дека со тоа што се нарекуваат христијани, по автоматизам треба да бидат заштитени од секое искушение, треба да бидат заштитени и од смртта; поточно, знаејќи дека смртта е неизбежна, барем да дојде што може покасно и без никакви болки. Па, оттука, подготвени се и разните бајачи и гатачи да ги ставаат на исто рамниште, па дури и повисоко и од Бога даденото ни нам свештенство во Црквата Божја. Свештенство, кое го има и она најважното непрекинато апостолско преемство, дадено од Бог на апостолите, а од нив пренесено на епископите, а преку нив - до денешното свештенство. А оваа мисла ја негуваат само за да добијат некое исцеление. Ќе те убедуваат дека има нешто кај нив, бидејќи, ете, некој им правел маѓии, па бајачот или гатачот ги растурал и веќе со тоа се исцелиле, оздравеле. Е, арно ако е така, но ако мислиме дека целта и смислата на христијанството е да се одложува болеста и смртта, треба да разбереме дека целта на нашиот христијански живот не е ни исцелението, не е ни оздравувањето, туку подготовка за воскресение и живот вечен.
Би ги посоветувал сите оние кои се сомневаат во Воскресението Христово и во нашето воскресение, кое го очекуваме, а се нарекуваат христијани, ако веќе не сакаат да прочитаат нешто повеќе за теологијата, барем малку да прочитаат од Евангелието - екстрактот на целата вера, и да видат дека Христос и лекувал и исцелувал, па и од мртвите воскреснувал, но дека тоа го правел за луѓето најнапред да поверуваат во Него и во Неговите зборови, а потоа да Го видат и да поверуваат и во Неговото Воскресение. На пример, за ефектите од исцеленијата и за тоа како народот се восхитува и Го прославува Бог Израилев, сведочи светиот апостол Матеј во своето Евангелие (Матеј 15, 31). Но, треба ли да помислиме дека сите што се исцелиле преку Христос и се спасиле? И дека сите влегле во Царството Божјо? Ајде да се потсетиме на оние десетмина лепрозни, кои откако се очистиле, не се вратиле ни да Му заблагодарат на Бог, освен еден когошто Христос и го прашува: „Та нели десетмина бевте, и каде се другите да Му воздадат слава на Бог!" Христос само нему му вели: „Стани, одиси! Твојата вера те спаси!" (Лука 17,19). Во Писмото исто ќе видиме како Христос поучува на покајание, на смирение, на добродетели, да не се враќа зло за зло, на негневливост; но, треба да сфатиме дека ова се само компоненти кои кога ќе бидат собрани во секоја личност и спроведени во аскетски подвиг, треба да ни го истрасираат патот кон вечниот живот.
Исцелението и оздравувањето преку вера, од времето на Христа па и до ден-денес, не е цел сама по себе, туку средство за утврдување во верата и на исцелените и на сведоците на исцелението и оздравувањето.
Ако е многу за некого да ги прочита сите четири Евангелија, барем да се видат Блаженствата (Матеј 5, 3-12), кои ги изговорил Христос уште пред да Воскресне. Бидејќи, кога ги говори Блаженствата, ни наговестува каде треба да ја очекуваме нашата награда. Христос не вели голема е наградата ваша на земјата, зашто долго ќе поживеете или дека ќе сте здрави или дека ќе сте богати и безгрижни, но вели: „Голема е наградата ваша на Небесата". Затоа не советува да се радуваме и да се веселиме.

И светите Апостоли во своите посланија ни зборуваат за воскресението, за живот по смртта, за вечноста. Дури светиот апостол Павле не опоменува дека едно без друго не оди т.е. дека ако не веруваме во воскресението наше, тогаш не веруваме ни во Воскресението Христово (1. Кор. 15,12-22). Уште ќе рече: Ако само во овој живот се надеваме на Христос, тогаш сме ние најбедни од сите луѓе (1. Кор. 15,19). Би биле најбедни бидејќи во овој живот се лишуваме од земни удопства и сласти, а ако нема воскресение и ако наградата наша не е на Небесата, тогаш што сме постигнале со воздржанието, како и со секое отфрлање на сладостите од овој живот? Тука сме се лишиле, а на Небесата не сме наградени!? Па, нели тогаш со право Апостолот не нарекува најбедни?!
И не ќе биде критиката на сомнежот кон Воскресението комплетна, ако не наведам уште една фраза, често споменувана кај верниците, што е многу лита и евтина. Тоа е онаа кога велат: „Како да веруваме во живот по смртта, кога никој не се вратил оттаму за да каже како е таму?". Ние велиме дека Христос е Оној Кој се врати од мртвите, Оној Кој смртта ја победи. А, ако им е малку тоа што секоја година ние, кои навистина веруваме во Воскресението, го објавуваме на Велигден тоа дека Христос Воскресна, дека Христос се врати од мртвите и ни даде и нам можност за воскресение преку Него во живот вечен, тогаш пак нека отворат во Евангелието и нека се уверат дека Христос и тоа го предвидел. Предвидел дека ќе има и такви луѓе со сомнеж, па ни ја раскажал параболата за сиромавиот Лазар (Лука 16, 27-31), кој по смртта се сместил во пазувите на Авраам; а богатиот, кој се мачел на другата страна, го молел Авраама да го врати Лазар во неговиот дом за да им каже на неговите браќа да веруваат и да не грешат за да не дојдат и тие на тоа ужасно место. Авраам му одговорил на богатиот, а преку Евангелието и на сите кои размислуваат како него, дека ако на Мојсеј и на Пророците не им поверувале, нема ниту на оној кој ќе се врати од мртвите да му се поверува. Но, на многумина, повторно не им се слуша.
Сепак, ние - кои сме поверувале во Воскресението Христово, кои сме поверувале во Писмото и сведоштвото на Апостолите како очевидци на воскресението, на подвигот на мачениците кои не ја жалеле својата младост при храброто сведоштво на верата пред гонителите, затоа што се надевале на воскресение - ќе речеме „Христос Воскресна!" радосно, бидејќи така треба да ја сведочиме радоста од нашата надеж што и нам ни се дава можност за воскресение и живот вечен; а искрено ќе возвратиме со „Навистина Воскресна!" само ако ја сфатиме суштината на христијанството преку верата во живот вечен, верата во Христос како Спасител и Животодател - но не само на Дарител на живот времен и земен, туку и на живот вечен во Царството Небесно, кое го бараме секогаш кога ја кажуваме молитвата „Оче наш".
Кажав доволно за оние кои се насмеаја. А, за крај, за оние што повторно сакаат да слушнат за Воскресението, пак ќе речам: Христос Воскресна! Оние што искрено веруваат и оние што разбрале што сакав да кажам, пак нека одговорат: Навистина Воскресна! Но, и за оние што се сомневаат и не веруваат, сепак: Христос Воскресна за сите и за се! Навистина Воскресна!

Митрополит Европски Пимен

 Hristos.Adamvoad.jpg

 

Извор: списание ПРЕМИН бр. 71-72

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3135
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7611
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

20/11/2024 - среда

Св.33Мелитински мч-ци; св. мч-чка Тесалоникија

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови Маченици Јерон и другите 33 Мелитински маченици 7 ноември / 20 ноември 2024

Тропар на светите Христови Маченици Јерон и другите 33 Мелитински маченици 7 ноември / 20 ноември 2024

Сила Ти даде на телото човеково, о, Господи, но верата во човека планина преместува, секое безумие го победува и кон...

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Со исповедувањето на Божествената вера,Црквата те покажа како втор Павле,ревнител меѓу свештениците:со тебе повикува и Авел кон Господа,

Тропар на светите Христови маченици Галактион и Епистима 5 ноември / 18 ноември 2024

Тропар на светите Христови маченици Галактион и Епистима 5 ноември / 18 ноември 2024

Вера имајќи повредна од животот земен,дарувана ви беше о Галактионе и Епистимо, времето дадено за преумување мудро го употребивте поучени...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная