логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Сергеј Бољшаков

Со Сергеј Миронович Паул се запознав во Јурјев, на Естонски – Тарт, во Естонија, во 1924 г. Тој беше постариот син на М. А. Паул, естонскиот вицегубернатор, првиот Естонец на таа положба. М. А. Паул завршил свето-петроградска духовна академија, кадешто бил и еден од омилените ученици на Архимандритот Антониј Храповицки, подоцна митрополит Киевски. Набрзо по завршување на школувањето, Паул стапил во граѓанска служба и брзо напредувал во таа служба и доспеал до местото вицегубернатор на Естонија, на кое место го затекнува смрт на прагот на најблескава кариера.

Сергеј Миронович по завршувањето на средно школо стапил на универзитет а потоа на воена академија, од која излегол како офицер. Се борел во Првата Светска Војна, па и во граѓанската војна во Русија, во која во ледениот поход добил страшна рана. Куршум му влегол низ левото око и излегол низ десното уво. Така ослепел на едното око и оглувел на едното уво. Зафатени биле и некои делови од мозокот, така што морал на секои три години да оди на операција на мозокот. Но сето тоа ни малку не го ограничувало ниту го повредило. Сергеј Миронович секогаш бил одмерен, мил и никого никогаш не осудувал.

Враќајќи се во Естонија, Сергеј блескаво го завршил Јуриевскиот Универзитет и требало уште и да се подготви за професорската катедра на отсекот за хемија. Наместо тоа, тој заминал како искушеник во Псково-печерскиот манастир.

Во Сергеј Миронович имало нешто од кнезот Мишкин од „Идиот“ и уште повеќе од Аљоша Карамазов. Како и овој последниот, и тој никогаш не се грижел што ќе јаде и пие, и во што ќе се облече. А се некако се средувало на најдобро. За кариера никогаш не мислел, бил човек едноставен, иако високо образован и начитан. Се што имал, раздавал. Во Псково-печерскиот манастир поминал околу три години, но не се пострижал, туку и тој, исто како Аљоша Карамазов, се вратил во светот исто како кај Достоевски, по заповед на својот старец, јеромонах Касијан, кој умрел како јеросхимонах Симеон, кон крајот на педесетите години, во деведест и третото лето. „Сергеј Миронович“, му рекол отец Касијан, оди во светот, таму вакви луѓе се попотребни отколку овде. Другите учи ги со самиот пример на својот живот и ќе дојде време, ќе се вратиш, ако Господ благослови.

По излегувањето од манастир, Сергеј Миронович на кратко живеел кај мојот покоен брат Константин, а потоа бил одреден за раководител на една хемиска лабораторија. Умре како што слушнав, во четириесетите години. Сергеј Миронович се научил на Исусовата молитва уште додека бил во еден српски манастир, во почетокот на дваесетите години. Тој во неа зачудувачки напреднал, и многу рано, достигнувајќи внатрешно безмолвие и постојан спокој и радост.

Со Сергеј Миронович често бев во Јурјево и Псково-печерскиот манастир. Еднаш така дојде тој во ќелијата во која што јас престојував. Таа беше една од најстарите, уште од време на преподобниот Корнилиј. Во неа, според преданието, отседнуваа царевите Иван Грозни и Петар Велики. Во неа живеел и јеромонахот Лазар, кого го посетувал Александар Благословениот, а исто така и јеросхимонах Теодосиј Затворник, кого го посетувал цар Николај Втори. Ќелијата беше поврзана со пештерската црква и пештерите преку ходникот.

- Кажете ми, брат Сергеј, го прашав послушникот, како се навикнувате на својата нова положба?

- Многу добро, подобро отколку во Србија, каде што имаше многу руски интелектуалци. Без нив е подобро.

- Зошто?

- Па затоа што простите луѓе, какви што се овде, се некако поцеловити, додека интелектуалците од едниот брег се одалечиле а на другиот не пристигнале и се мачат: ја изгубиле старата, целовита, прадедовска вера, а вулгарниот атеизам, грубијанството и разузданоста исто така не можат да ја сварат. Криват на двете нозе. Овдека само настојателите и уште еден ѓакон се образовани, а сите останати се неуки сиромаси, мужици. Кога дојдов тука, мојот Старец, манастирскиот духовник, отец Василиј, ми кажа: „ Ете, Сергеј Миронович, вие дојдовте во манастир. Во Србија веќе сте живееле во манастир, и знаете каков е тој живот. Преосветениот Теофан Затворник пишуваше: „Кога веќе си во манастир, тогаш осаменоста, црквата и ќелијата ти се се; моли се и труди, и тоа е се; седи во ќелијата, таа ќе те научи на се, а ако се впушташ во разговори со браќата, ќе се изнаслушаш сешто, и не само што може да се случи да си отидеш од манастирот, туку и верата да ја изгубиш, во чудо какво што се луѓето, кои толку години проживеале во Обителта, полни со празнина, завист, надменост и така натаму. Ете, ти си се научил на Исусовата молитва, и во неа подвизувај се, а за совети во врска со неа обраќај му се на отец Аркадиј – тој за таа молитва знае многу. Ете и јас така живеам и одбивам да одам на разговори и беседи, заради што ме сметаат за горд.

- А кажете, Сергеј Миронович, дали Исусовата молитва е многу корисна?

- Да, многу е корисна, но треба да се извршува во дух на кротост, инаку е можно да се падне во прелест (духовна прелага) и да се мисли за себе она што не смее.
    
- А ете, вие, Сергеј Миронович, добро сте ги изучиле будизмот и хиндуизмот. Таму не е како кај нас...

- Секако дека не е како кај нас. За Индусите и будистите сета несреќа доаѓа од незнаењето и приврзаноста за овој свет, кој лежи во зло, а спасението се состои во уништувањето на личноста, која се гаси како свеќа или се раствора како капка во океан. Но, и таму има исклучителни луѓе. Чув една таква приказна. Еден од најбогатите и најмоќните махараџи во Индија имал диван, т.е. прв министер, свој роднина, кој бил млад, богат и учен. Сите му завидувале на тој младич. Еднаш така по некој повод на дворецот бил приреден банкет. Еден од гостите од странство му пришол на диванот и му рекол: „Вие сте многу среќен. Угледен сте, богат, млад, здрав. Имате прекрасно семејство. И сите земни блага...“ А диванот му одговорил: „Вие мислите дека среќата е во земните добра? Зар тие не се препрека за вистинската среќа која е – во слободата на духот?“ Истата таа вечер диванот го повикал при себе својот слуга, се преслекол пред него во тн. санауси облека, земал стап, и го снемало засекогаш. Кај Индусите, оној кој стане санауси – жив умрел, бидејќи ја губи кастата и се свое. Гледај – но затоа се здобива со голема духовна слобода, оти ништо не го сопнува, кај Индусите и будистите има луѓе способни за големи жртви заради духовната слобода. Но, ние имаме – подобар пат, за кој во Евангелието се вели: „Познајте ја вистината и вистината ќе ве направи слободни“.

- Значи, вие во манастир дојдовте да ја познаете вистината?

- Манастирот е, Сергеј Николаевич, духовно школо, како што пишува кај преподобниот Венедикт, од кого се одушевувате, но тоа не е школо на формално истражување, како богословија, туку духовно искуство.

- А го наоѓате ли она што го барате?

- Тоа подобро ќе го знае Старецот. Јас би сакал да останам овде, но ако Старецот ме испрати во светот, ќе отидам како што, по благослов на старец Зосима, отиде Аљоша Карамазов. А знаете ли, Сергеј Николаевич, вие сте му поблизок на Аљоша Карамазов од мене. Во мене уште многу останува од кнез Мишкин. Вие сте тука едвај три месеци, внимателно гледајте и учете се кај отец Аркадиј и отец Васијан. Вам ќе ви биде тоа потребно кога ќе тргнете во странствување на Западот, меѓу луѓе од друга култура и со други погледи. А особено држете се за Исусовата молитва, јас за неа единствено и се држам. А знаете ли, Сергеј Николаевич, зошто излегов од граѓанската војна? Со насилство ништо нема да постигнеш. А од христијанска гледна точка, наместо да нанесуваме зло и да се светиме, подобро е да трпиме насилство. Она што не е вечно и повеќе го развратува насилникот отколку жртвата. Во граѓанската војна двете страни направиле секакви ѕверства. И кој беше резултатот? Белите се поубиени, а црвените се јадат и уништуваат еден со друг. Ова е само почеток, а потоа какви чистки ќе настанат. Ние сето тоа треба да останеме и да се сеќаваме дека Бог е – Љубов, и дека треба да Му се поклонуваме Нему „во дух и во вистина“. А ете, Исусовата молитва и е „поклонение во дух и во вистина“.

Подготвиле: Б.М./Б.Ѓ.

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная