логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Проблемот со календарот

✤✣✤

Календарот – што може да биде попознато и појасно? Ете тоа на часовникот е очигледно денешниот датум 22 декември 2015 година. Но нашето знаење почнува да се двоуми кога ќе ни кажат дека денес всушност не е 22 декември, туку 9 декември по црковен календар. И годината не е 2015, туку 7523 сметано од создавањето на светот. Ах, таа календарска бркотница! Ако прашате некого кога ние празнуваме Божик ќе добиете одговор: на 7 јануари. А Преображение Господово – 19 август. А Покров на Божјата Мајка – 14 октомври. Или, всушност, 25 декември, 6 август, 1 октомври – така би било според Јулијанскиот календар, според кој се води нашата Црква. И сега се поставува прашањето дали Црквата треба да го сочува тој календар, или да премине на оној по кој живее „целиот цивилизиран свет“ и на кој преминаа некои Православни Цркви.

Денес постојат два календари: еден древен,  таканаречениот Јулијански календар, кој бил изработен во 46 г. пред Христа од страна на александрискиот астроном Созиген, а на иницијатива на римскиот владетел Гај Јулиј Цезар, според кого и го добил името. Овој календар бил прифатен од страна на Црквата во IV век со извесни измени. Но, Јулијанскиот календар не е сосема точен: тој се разликува за 11 минути и 14 секунди од вистинската сончева (тропска) година. Оваа разлика за 400 години се искачила на 3 дена, 2 часа, 53 минути и 20 секунди, а пак, во 1700 година изнесувала цели 10 дена. Денес таа изнесува 13 дена.


213452_p.jpg

Подоцнежниот календар е Григоријанскиот, исто така црковен, изработен по указ на папата Григориј кон крајот на XVI век. Имено, веќе во средниот век, тогашните научници ја воочиле неправилноста на Јулијанскиот календар. Па така, на иницијатива на споменатиот папа, во 1576 година била формирана посебна комисија од астрономи и математичари која имала за цел да спроведе реформа на Јулијанскиот календар. По шестгодишна работа, комисијата предложила конкретни мерки за реформа на календарот. Мерките биле прифатени од папата, кој на 24 февруари 1582 година издал посебна папска була позната како “Intergravisimus”. Во овој документ биле содржани т.н. “Canones in Calendarum Gregorianum”, односно мерки за реформа на календарот. Со нив, меѓу другото, било утврдено секоја година пролетната рамноденица да биде фиксирана на 21 март. Понатаму, со цел да се изедначи дотогашната разлика меѓу јулијанската и реалната (тропска) година, која во 1582 година изнесувала 10 дена, со папската була било решено, во таа година 5 октомври да се смета како 15 октомври.

Овој календар стана примарен во католичка Европа. Потоа, од практични причини постепено почнаа да го  примаат и другите народи, и денес се користи на глобално ниво. Но токму затоа што преминот на друг календар беше извршен од страна на световните управи без да се консултира Црквата, се појави еден раздор, една поделба која и ден денес постои: на некаков црковен и светски календар и токму во тоа се крие денешниот основен проблем со календарот во православниот свет.

Дополнителен проблем е сметањето на Велигден, кое се врши со Пасхалија. Пасхалијата е систем кој е создаден во крајот на III и почетокот IV век, за пресметување на датумот на празникот Пасха (Велигден) според пролетната рамноденица, која во Јулијанскиот е подвижна, а во Григоријанскиот календар е фиксна. Бидејќи Пасхалијата е заснована на Јулијанскиот календар, Григоријанскиот календар не може да биде приспособен кон неа. Целиот православен свет традиционално се придржува кон Александриската Пасхалија, а католиците, бидејќи сопствена Пасхалија не разработиле, прават дополнителни корекции на Пасхалијата за да ја прилагодат на календарот. Со неа се одредува поредокот не само на литургискиот живот, туку и поредокот на самата литургиска година. Имено, врз основа на Пасхалијата е формиран системот на христијански празници, којшто почнал да се создава уште од IV век и веќе од VI век го добил денешниот современ вид. Календарот ја има улогата на организатор на литургискиот живот. И ете зошто според своето значење, Јулијанскиот календар е тесно поврзан со црковната традиција и секој обид да се издвои од неа, неминовно приведува кон сериозни соблазни и искушенија за луѓето коишто се навикнати на оваа литургиска традиција.

Освен тоа постои проблем со Григоријанското сметање на времето после 2100 година. Имено, тогаш сите датуми на неподвижните празници ќе се поместат, па нашите потомци ќе треба да го празнуваат Рождество Христово на 8 јануари, што ќе предизвика бура на емоции. Иронијата е во тоа што кај нашиот народ нема навика да се гледа и втората графа во календарчето, каде што стои точниот црковен датум на празнувањето на Рождество Христово, односно 25 декември, па сега сѐ повеќе се утврдува во мислењето дека всушност 7 јануари е вистинскиот ден на празнувањето. Замислете сега што ќе се случи кога после 2100 година ќе треба да се празнува 8 јануари како ден на раѓањето Христово, веројатно ќе ни се случат нови соблазни и поделби, па можат да ни се појават и „Ортодоксни божикославци“, кои сентиментално се поврзале со празнувањето на Божик на 7 јануари и нема да се помират со ваквото „поместување“.

Дали, пак, со црковните канони прецизно е утврдено кој календар треба да биде во црковна употреба? Не, тоа прашање не е предмет на црковните канони и догматиката и затоа Црквата, православната догматика не застапува ниту еден календар, оставајќи го тоа прашање на науката и пред сѐ на слободното уверување на секоја помесна православна црква. Наспроти граѓанското сфаќање, ниту една православна црква го нема признаено Григоријанскиот календар за црковни или религиозни намени. Наместо тоа, во мај 1923 година била предложена нова верзија на Јулијанскиот календар, наречен Ревидиран Јулијански календар, кој испуштил 13 дена во истата година и вовел поинаква престапна година. Во однос на прифаќање од другите христијански цркви, Ерусалимската Патријаршија, Руската, Грузиската, Српската, Македонската и Полската Православна Црква, го немаат прифатено Ревидираниот Јулијански календар и продолжуваат да го прославуваат Божик на 25 декември од Јулијанскиот календар, кој до 2100 година ќе се паѓа на 7 јануари.

Кај нас, како и кај повеќето православни земји, Црквата го запазила Јулијанскиот календар, јавувајќи се со тоа како заштитничка на традицијата стара илјада години. Но треба да се знае дека самиот календар не е дел од учењето на Црквата, така како што е догматиката, односно главните начела на православната вера, а кои се однесуваат на Божјата суштина, воплотувањето на Христа, улогата на Пресвета Богородица и човековото битие како икона Божја. Тој е дел од црковната култура, дел од црковната традиција, дел особено практичен, дел којшто се оправда себеси со илјадалетната историја. Но, со оглед на тоа што во практична и државна употреба е Григоријанското мерење на времето, полека од свеста на луѓето се губи споменот за вистинските датуми на празнувањето на празниците. И навистина кој може да каже кој датум е според Јулијанскиот календар? За жал, од практични причини сите празници веќе одамна се преведени на Григоријанскиот календар. И веќе одамна православните го слават Рождество Христово на 7 јануари, а не гледаат на црковното сметање според кое 7 јануари е 25 декември по стар стил. Па кога ќе им кажеш дека православните всушност го слават Рождество на 25 декември, тие не го сфаќаат тоа. Ист е случајот и со Нова година. Малкумина од новите генерации знаат дека 14 јануари, познат по така нареченото празнување на „Стара Нова година“ е всушност 1 јануари, токму поради тие 13 вишок денови кои Григоријанскиот календар ги избришал од годината. Исто така, нашиот најголем национален празник, Илинден, во памтењето на народот веќе се идентификува со 2 август, а од историска гледна точка знаеме дека не е така, бидејќи востанието било кренато на 20 јули, кога граѓански календар кај нас бил Јулијанскиот. Од друга страна пак, пред неколку години беше воведен и празникот на Македонската револуционерна борба, а како датум е земен датумот на основањето на ВМРО – 23 октомври според Јулијанскиот, што според Григоријанскиот календар би се паднало на 6 ноември. Но, овој факт не беше земен во обѕир при воведувањето на празникот, така што доаѓа до извесна забуна, бидејќи некои празници (Илинденското востание) ги прилагодуваме на календарот, а некои (Денот на ВМРО) не.

Без разлика кој и систем на мерење на времето да го одбереме како официјален, што секако нема да зависи само од Црквата, туку и од најновите достигнувања на науката и астрономијата, сепак, би било од голема полза доколку и традиционалното црковно сметање на празниците си најде свое место во свеста на современиот човек. Имено, да остане запаметен 25 декември како датум на Рождеството Христово, па дури и да му се даде предност во однос на другиот календар по којшто функционира светот. Од практични причини секако, важност ќе му се даде на световниот календар, тоа е нормално, поинаку и не може, но сепак, при одбележувањето на празниците црковниот календар треба да го има примарното место.

Од Редакцијата

Извор: Бигорски манастир



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3219
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7712
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

26/12/2024 - четврток

Божикен пост (пост на масло)

Светите маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест; Светата маченичка и девица Лукија (Луција); Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная