логоFacebookTwitterYouTubeeMail

sv.teofan.Zatvornik1.jpgКако дошол светиот Апостол до таква состојба што со ништо друго не сака да се фали освен со крстот Христов! Секој крст е жал, тешкотија, понижување. Како тогаш да се фали со него? Ете, Апостол Павле се фали со него, а заедно со него и сите апостоли, а по нив и сите други носители на крстот. Зошто се случува така? Зошто бого-мудрите мажи го предвидиле големото значење на крстот, високо го ценеле и се фалеле со тоа што се удостоиле да го носат?

Бој се од Бога и чувај ги Неговите заповеди. Денес – утре ќе дојде смртта. Таму ќе одговараме. Почесто за тоа размислувај, па ќе го чуваш срцето од зли чувства и склоности...
... Сè е под Бога, и кој знае како ќе дојде Ангелот со повик на оној свет.

man.sk.sv.-Nikita.jpgАко ѓаволот не може од внатре да те заведе, почнува да те мачи надворешно – преку луѓето кои му се потчинети. Затоа биди подготвен за ова страдање и очекувај ги непријатностите да ти дојдат на гости. Еднаш ти се приближуваат пофалби, потоа укори, клевети и тешкотии од секаков вид. Многу е важно да сфатиш кој ја предизвикува бурата, и сето тоа мирно да го поднесеш: непријателството против одредени луѓе треба да се претвори во непријателство против лукавиот

 

Matka.svAndrej.A.jpgАко си се очистил од страстите, принеси се на Бога, како чиста и непорочна жртва, каква што прилега Нему Пречистиот. Погледни кон Голгота. Таму крстот на благоразумниот разбојник е крст на очистување од страстите, а Крстот Господов е крст на чиста и непорочна жртва. Тоа е плодот на преданоста на Божјата љубов која е безпрекорна, целосна и безвозвратна. Кој Го одведе и Го прикова на крст нашиот Спасител? - Преданоста! Во Гетсиманската градина нашиот Господ Исус Христос се молеше

Слово на Велики петокБог толку го возљуби светот (Јн 3,16) Можеби некои ќе речат, сега ли најде да говориш за љубовта? Сега ли, кога плодот на непријателството созреа во градината на Возљубениот; кога и земјата трепери од ужас, срцето на камењата се крши и небесното око се помрачува од негодување? Сега ли (да се говори) за љубовта кон светот, кога и Синот Божји,

Има многу патишта што водат во царството небесно, а сепак тоа е еден патː еден е затоа што е една и добродетелта што се извршува и се приведува во дело преку разни добри дела. Да ја прифатиме оваа единствената и сесилната. Да одиме по патот на послушноста, која ѝ подражава на божествената послушност, по патот на кој нема пречки и прекини; вториот пат е патот на Христовото смирение, по патот, кој е најрамен и најкус.

3.angeli.so.truba„... За кратко време кај нас се појави оваа болест; за нив (незнабожците) тоа беше најлошата од сите ужасни работи, најсуровата несреќа, и како што вели нивниот писател, состојба што никој не можел да ја очекува. За нас, не беше така, како и во многу други случаи Господ нè испитуваше и нè смируваше. Болеста не нè одмина, но најмногу пострадаа незнабожците.Многу наши браќа, поради изобилно милосрдие и братољубие, без да се жалат себе си, се поткрепуваа взаемно, без да се плашат, ги посетуваа болните,

Svetlina.lit1.jpgСпоред природата, молитвата е сопостоење и единство на човекот со Бог. Според дејството, таа е одржување на вселената, помирување со Бог, мајка на солзите и нивна ќерка истовремено, смилостивување за гревовите, мост со којшто се преминуваат искушенијата, панцир кој штити од секоја мака, разбивање на демонските напади, служба на ангелите, храна на сите бестелесни, идно радување,

3.angeli.so.trubaБлажен е човекот кој за време на молитвата кон Пресвета Богородица ќе заплаче од радосно умиление затоа што постои Таа – чудесната Молитвеничка за целиот човечки род и семилостивата Помошничка во секоја мака и неволја.
Блажен е човекот кој ќе заплаче од радосното чувство дека постои толку прекрасен, толку човекољубив, толку семилосрден Спасител на светот како што е Господ Христос.

3.angeli.so.truba1- Разбрав! Прво ќе бомбардира авијацијата и потоа ќе се случи нападот! Значи, ќе одам горе и ќе ви донесам вести!… Некои луѓе, дури и постари, доколку лекарот им каже: „ќе умреш“ или: „педесет проценти е надежта да преживееш“, се секираат. Сакаат да живеат. Што ќе постигнат? Се чудам! Доколку некој е млад, на некој начин тоа е оправдано; но, еден остарен човек да прави обиди за да живее, тоа не го разбирам. Друго е да зема терапија, за некако да може да ја издржи болката.

Толку, колку будно внимаваш на својот ум, со толку потопла желба ќе Му се молиш на Исуса; а доколку невнимателно го надгледуваш својот ум, толку ќе се оддалечуваш од Христа Исуса. И како што првото го осветлува воздухот на умот, така последното, - отклонувањето од трезвоумието и слаткото повикување на Исуса – обично потполно го помрачува.

3.angeli.so.truba

Нема големо значение, ако некое слово на духовниот Отец е против нас или ако, некој совет ни се чини неразумен за општата логика. Ако сме подготвени да го следиме словото, советите, ако имаме доверба во Него, тогаш Бог ќе ги нареди работите, така што кончанието да биде позитивно. Тајната на послушанието е една од посериозните стварности на патот кон спасението!

 Ако целиот се облечеш во кроткост и не се гневиш, нема уште многу да се помачиш за својот ум да го ослободиш од ропството. Додека не ја здобиеме вистинската молитва, ние личиме на оние кои децата ги учат да одат (односно треба нашиот ум да го исправаме и подигаме во молитвата, кога тој се двои од Бог, сѐ додека не се зацврсти). Бори се да ја врзеш својата мисла со зборовите на молитвата, или подобро – да ја заклучиш во нив.

 Во еден женски манастир имало една монахиња, која живеела богоугодно и го измачувала телото со многу постење, малку спиење и слично. Лукавиот демон многупати ја лажел. И се јавувал како светол ангел, доаѓал секоја ноќ и говорел со неа. Еднаш, кога се исповедала, духовникот ја прашал дали живее монашки, а таа му одговорила: „Со помош на твоите молитви, живеам добро, чесен оче".Кога чул таков горделив одговор, духовникот многу се натажил, па и рекол:„Уште еднаш така да не си одговорила, па макар да си правела се најдобро".

Сè извира од умно-срдечната молитва. Напредувајќи во молитвата ќе го најдеме олеснувањето од страстите. Скриените помисли со време ќе исчезнат, нашето срце ќе стане незлобливо детско срце. На почеток, како што рековме, постои тешкотија додека водичката не потече во браздата. Како што, на пример, за придвижување на една рачна механичка справа е потребен напор.

krst.zlaten.jpgПсалмот ја привлекува помошта на Ангелите; постанува оружје против ноќниот страв, носи успокојување од дневниот труд; безопасност е за младенците; украс е за возрасните, утеха е за старците; тој е најубав накит за жените. Псалмот ја населува и краси пустината; внесува мудрост во општествените собранија;  тој е првично оучување за огласените; духовен прираст за оние кои напредуваат; утврдување на совршените и учителен глас на Црквата. Тој ги прави празниците светли; тој предизвикува тага по Бога;

TVITerСуштината на Исусовата молитва не е во зборовите, туку во постојаната борба за очистување на срцевото живеалиште на Светиот Дух (Јован 14:23). Кој се бори со страв Господов, тој ја познава својата слабост и Го моли Синот Божји Исус Христос за помош и нему Господ му ја подава раката, како кон Петар, и го "носи и води, поддржува и поткрева" на дланките на благодатта.

3.angeli.so.trubaСвештениците се согласија и веднаш тргнавме, само ние, неколку души. Попат почна да ни се придружува народот. Го поминавме варошот, па потоа [врвевме] низ чаршијата. Турците не ни сметаа, зашто и тие се луѓе, наши браќа од човештвото, кои се пред Бога исти и делиме исти проблеми, и среќата и несреќата исто ја доживуваме, а сега сите паѓааме од колерата како муви. И така, до вечерта се вративме со моштите во црквата Свети Климент. Другиот ден никој повеќе не се разболе од колера. Оваа грозна болест веднаш се пресече.

Vecerna.Ksenija.jpg

Празнословието

Не можете да го оставите празнословието... Празнословието е најразорно дело. Нему рамно зло му е кога шетаат не пазејќи на сетилата... И едното и другото многу го попречуваат успехот во молитвата...
Јазикот?! Нема поштетна работа под небесата. Добро би било така да се уреди, за секоја недоличност од негова страна да се нешто да го убоди (макар малку). Така би бил посмирен, а вака е како апаратче кое пее песни... како да го навиле, пуштиле и ... тра-ла-ла.

Покајаните, исповедани и простени гревови веќе не се во нас, ниту против нас. Тие се како стебленца, отсечени од дрвото. Кога ги сакавме гревовите, тие беа на дрвото на нашиот живот како живи гранки и се хранеа од него. А кога се одвративме и започнавме да се гнасиме од нив, кога се покајавме и ги исповедавме, ние ги отсековме од себеси. Со проштевањето на гревовите тие отпаднаа од нас.

Повеќе артикли...


Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1478
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1837
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1646
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…