логоFacebookTwitterYouTubeeMail

3.angeli.so.trubaИма нешто во човекот, скриено длабоко во него, во најзагадочните места на неговото внатрешно битие, што е посилно од секое искушение, од секоја препрека, од секој страв, од секоја суетност… Нешто што го придвижува кон вечноста, кон победата над овој свет… Стремежот да биде со Бога. Да се наоѓа во непрестајно општење со Него, во заедница со Најпрекрасниот, во причастие со Неговите Божествени енергии. И ете, следејќи го неотклонливо тој внатрешен копнеж, преку макотрпниот

3.angeli.so.trubaЗлото што по својата природа е зло, имено гревот, својот почеток го има во нас. Од друга страна, она што нашите сетила го восприемаат како зло, бидејќи е тешко и болно, исто така, може да биде од Бог, Кој како лекар го користи за да го спречи и исцели она што е навистина зло. Кога оние што згрешиле може да бидат исцелени, Тој се грижи за нив на секаков можен начин, но ако се неизлечиви,

rsz_1john-cassian02

Нешто од кажаново ќе го појасниме со поопширно расудување. Имајќи причина во телото, страстите на стомакоугодувањето и блудот понекогаш се будат без содејство на душата поради возбудувањето на потребата од којашто произлегуваат. Меѓутоа, тие со себе ја повелкуваат и душата, заради нејзината заедница со телото.

 Св. ЕфремВoзљуби ја сиромаштијата Христова, за духовно да се збогатиш преку неа. Постот е колесница, која води кон небото. Постот ги раѓа пророцитe и ги умртвува законодавците. Постот е добра заштита на душата и надежен сожител на телото. Тој е оружје за доблесните и училиште за подвижниците. Постот ги отстранува искушенијата и поттикнува на подвиг во благочестието. Тој е сожител на трезвеноста и виновник за целомудрието.

Но, кога ќе настапи бура на искушенија, тогаш застануваат со "сидрото" и со трпение чекаат подобрување на благодатна атмосфера за нивните подвизи.
 
Во што се состои "самоукорувањето"?

- Тоа се состои во непрестајната молитва: "Боже, биди милостив со мене грешниот! Господи, помогни ми! Господи, Кој ја знаеш мојата иднина, спаси ме!"

3.angeli.so.trubaПослушајте што рекол блажениот апостол: „Да го забораваме она што е зад нас, а да се стремиме кон она што е пред нас“.[1] Размислете, возљубени: светиот пост трае седум недели, а најпочитувана од сите е седмата, којашто се именува и ‘велика’ Но таа не е поголема од другите поради тоа што има повеќе часови, туку поради тоа што во неа се извршиле големи тајни – односно страдањата на Господа.

3.angeli.so.trubaВо деновите на царот Ирод дојде глас во пустината до Јован, синот на Захарија, и тој дојде на другата страна од реката Јордан, проповедајќи покајно крштение за проштавање на гревовите[1]. Во тие, пак, денови се умножи и бесот на Ирод, кој ја зеде жената на својот брат Филип. И Јован му рече: „Отпушти ја, зашто не е добро да ја земеш жената на својот брат“[2]. Не можејќи од злоба да го поднесе своето изобличување, го фати и го фрли во затвор.

3.angeli.so.trubaЧовечкиот јазик е предназначен да изрази реалности од различни планови: постои житејски план на природни потреби; постои нему близок, а сепак од него различен план на примитивни душевни чувствувања и страсти; постои јазик на политичка демагогија; постои научен, философски, поетски јазик; на крај, највиш од сите – јазикот на Божественото Откровение, молитвата, богословието и другите односи меѓу Бога и луѓето - јазикот ЛИТУРГИСКИ.

3.angeli.so.trubaНо за брзо време се појавија луѓе кои, иако себе си се нарекуваа Христијани, по дух не беа Христови. За нив Христос претходно кажа: „Не секој што ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во царството небесно, а оној што ја исполнува вољата на Мојот Отец небесен“ (Мт. 7, 21). Христос пророкуваше и дека мнозина ќе се прогласат себе си за Самиот Христос: „мнозина ќе дојдат во Мое име, говорејќи: Јас сум Христос!“ (Мт. 24, 5). Апостолите во нивните посланија укажаа

3.angeli.so.trubaПиј онаму каде што коњот пие. Коњот никогаш нема да пие нечиста вода.

Простри ја постелата онаму каде што спие мачката.

Јади овошје што е зафатено од црв.

Слободно собери печурки на кои слетува мува.

postПостот, возљубени, го држел и кроткиот Мојсеј, и со него правел чуда, за него бил удостоен да Го види Бога. Овој пост, возљубени, го пазел и Илија и затоа се удостоил на огнена кочија да се вознесе на небо. Овој пост, возљубени, го пазел и многуљубезното момче Даниил и затоа бил прославен, и затворил уста на лавови. Во овој пост, возљубени, со света...

3.angeli.so.truba„Навистина е почеток на мудрост стравот Господов. Мудар е оној кој се бои од Господа. А кој се бои од Господа, тој ги држи сите заповеди Негови, и во целост ја исполнува волјата Негова и го извршува секој збор Негов.
Стравот Божји е врв на сите знаења: каде што него го нема, таму нема да најдеш ништо добро.

ilijana.ivica.jpgТаа благодат ја учи душата на секое добро и ѝ дава сила да пребива во него. Послушниот го гледа злото, но тоа не се допира до неговата душа, бидејќи со него е благодатта на Светиот Дух којашто го чува од секаков грев и тој е мирен и лесно Му се моли на Бога. Душата на послушниот ја љуби Светиот Дух и затоа тој многу брзо ќе Го познае Господа и ќе го добие дарот на срдечната молитва.

Но ако ти кажам, остави го гневот и прости му на твојот брат, кое од овие оправдувања можеш да го искористиш?
Мислам дека не можеш да ги приведеш како оправдувања ниту немоќта на телото, ниту сиромаштија, ниту необразованост, ниту обврски и грижи, ниту било што друго.

 3.angeli.so.trubaВо некое општожитие живеел отшелник, по име Тимотеј. Настојателот на општожитието, откако дознал дека еден од браќата паднал во некој грев, побарал совет од Тимотеј, што да прави со братот кој згрешил. Отшелникот го посоветувал да го избркаат од манастирот. Кога го избркале братот, неговото искушение преминало кај Тимотеј и тој бил доведен во опасна состојба.

3.angeli.so.trubaГолемиот Мојсеј, откако помина 40 дена во пост, се удостои да ги добие плочите на Законот. Кога пак, слегувајќи од планината, го видел беззаконието на народот, ги фрлил плочите, добиени со таква усилба, и ги разбил, зашто сметал за неправилно да ги соопштува заповедите Господови на народ, кој се пијани и врши беззаконие. Толку дни постел и големиот Илија и ја избегнал власта на смртта – на огнена кочија бил вознесен на небото. И саканиот маж

3.angeli.so.trubaРазумното молчание е мајка на молитвата, ослободување од ропството,

чување на пламенот, чувар на помислите, извидник на непријателите, живеалиште на плачот,  пријател на солзите,

делатник на сеќавањето на смртта, живописец на страдањата,

зафатеност со представата на последниот суд,

помошник на спасоносната потиштеност, непријател на дрскоста,

3.angeli.so.truba1Тие се живи, и нашето општење со нив не е прекинато. Како што се молиме за живите, не правејќи разлика помеѓу оние кои одат по праведниот пат или по некој друг, така се молиме и за починатите без оглед на тоа дали тие се меѓу праведните или грешните. Тоа е долгот на братската љубов. Додека последниот Суд не нѐ раздвои, сите, живите и починатите, ја сочинуваат Црквата. И сите сме должни меѓусебно да се однесуваме како делови од едно тело, во духот на добрината и љубовта, и живите и починатите, без радвојувања заради „смртта“.

Повеќе артикли...


Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1478
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1837
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1646
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…