Беседа на јеромонах Гаврил, изречена во манастирот Св. Наум Охридски во Роклин, Австралија

Смртта всушност не е крај, туку едноставно – смртта е премин. Крај е ако ние не веруваме во Бога и не вршиме дела Божји, меѓутоа премин е ако живееме Божествен живот, како што апостол Павле вели: не живеам веќе јас, туку Христос живее во мене. Ние се распнавме за Христа заедно со Него, и нашиот живот е Христов живот, Божествен живот. Тоа се гледа преку содржината и достоинството на нашиот живот.









Како што телото, умирајќи се одделува од сè што е живо така и умот, умирајќи во дејствието на совршената молитва, се отсекува од сите светски мисли. Зашто ако не умре со таква смрт, тој не може да биде со Бога и да живее со Него.









Ти ги имаш своите страсти, а тој неговите. Сепак вие можете да го живеете среќно вашиот живот, ако го внесете Христа меѓу вас, ако внесете љубов во вашите взаемни односи. Направете го овој, и онака краток и оскуден живот, колку што може поубав“.




























