ТАЈНАТА НА СПАСЕНИЕТО
Следењето на својот пат му дава на човекот чувство на мир, а при дејствување на благодатта, кога се уриваат сите противречности – голем спокој и внатрешна слобода, како во човекот да се проширило срцето (на духот веќе не му е тесно во срцето). И уште – чувство на радост. Туѓиот пат ретко донесува радост. Духовната радост може да биде присутна и при длабоко покајание на човекот. Тоа не е емоционална земна радост, туку мир во срцето, озарен со топла светлина.