Ти се воплоти во пештера тајно, но небото Те објави на сите, Спасителу, како уста употребувајќи ја sвездата, и таа Ти ги приведе мудреците кои со вера Ти се поклонија. Со нив и нас помилуј не. А кога се наврши времето, Бог Го испрати Синот Свој Единороден (Гал. 4, 4) за да се спаси човечкиот род. И кога се исполнија девет месеци од благовеста којашто архангелот Гавриил Ѝ ја јави на Пресветата Дева во Назарет велејќи: „Радувај се, благодатна..., еве ќе родиш и ќе зачнеш син“ - во тоа време излезе заповед од кесарот Август да се попише сиот народ во римското царство. Повеќе... |
Психичките заболувања настануваат поради три главни причини. Првата е природата на човекот. Факт е дека индивидуалните биолошки и генетски фактори играат овде решавачка улога. Има болести кои се последица на гревовни страсти што ја потчиниле душата - алкохолизам, наркоманија, игроманија (коцкање) итн. А има и психички растројства како последица на демонско влијание.