Поуки на денот: Кој е просветлен во своите мисли?
Послушанието во себе содржи сѐ. Христос во секој миг ќе ти плете венци. Но, за да се развива внатрешниот човек, за да се смират страстите и за да се расцвета плодот на твоите добри дела, потребно е сѐ да прати постојана и непрестајна умна молитва. Кога работиш, со усните или со умот непрестајно кажувај ја молитвата. Кога непрестајно ќе ја изговараш со усните, умот ќе се навикне да ја изговара со внатрешното слово.