За химната и иконата „Достојно ест“
Кога дојдоа кај Чеснејшују, монахот послушник ја испее до крај „Чеснејшују херувим“, старата химна од свети Козма Химнограф. А монахот странец ѝ даде друг почеток на химната и ја испеа вака: „Достојно ест јако во истину, блажити Тја Богородицу, присноблаженују и пренепорочнују, и Матер Бога нашего“, и потоа го додаде „Чеснејшују херувим…“ сѐ до крајот.