НЕДЕЛА ПРВА НА СВЕТИОТ ПОСТ (05.03.2017)
А тоа стана вака: кога по Божјо допуштање царската власт ја приграби Лав (III) Исавријанец, кој пред тоа беше чувар (пастир) на магариња и свињи, а црковната управа ја зеде светиот патријарх Герман, веднаш овој (патријархот) беше повикан од оној (царот) кој му рече: „Слушај, владико! Мене ми се чини дека светите икони во ништо не се разликуваат од идолите, затоа нареди што поскоро да ги изнесат одовде.