Игуменот Партениј со браќа од Бигорскиот и сестри од Рајчичкиот манастир - Роденденска честитка за Премин Портал
Со голема љубов во Христа и со особена почит кон мисијата што ја правите меѓу народот во овие десет години, ви го честитаме овој јубилеен роденден, посакувајќи ви уште многу години плоден труд на нивата Божја за слава на Неговото свето име. Премин Портал ја отвори портата за медиумското присуство на нашата Православна Црква како прв црковен сајт, и за тоа секако неоспорна е заслугата на нашиот возљубен Митрополит Струмички Наум.