Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и молитвеничка во одминати години. Очите на сите вперени кон Спасителот. Се дефокусираат и од Него пијат духовна сладост, пијат нивните души. Можете да
На 15.2.2024 година, во денот посветен на Сретението Господово, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, богослужеше и проповедаше на Светата Златоустова Литургија во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ – Матка.
Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на повеќе свештенослужители, отслужи света архиерејска Литургија во храмот „Св. вмч. Димитриј“ во Кавадарци. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет, а потоа, според традицијата, беше закроено и лозјето.
Човекот е создаден од Бога како машко и женско.Многу е важна реченицата: „го сотвори според образот Божји “ – во еднина, човек, „машко и женско ги сотвори“. Ова едно се дели на две. Човечката природа е андрогина (машко-женска), во заедницата на двајцата се состои целовитоста на човечката природа, онака како што беше создадена од Бога.
Својот почеток празникот Сретение Господово го има од периодот на VI-V век. Во западната богослужбена традиција бил наречен „ Очистување на Пресвета Богородица “ и сметан за богородичен празник. Некои истражувачи го сметаат за прв богородичен празник. Во Ерусалим тој празник бил одбележуван со релевантна торжественост уште во времето на шпанската монахиња Етерија (IV век), но сметан за Господов.
Светлината Христова изнедри од срцето твое,
и ги осветли оние кои седеа во смртна сенка
на далечниот исток,
о Николае рамноапостолен Христов ученику,
Јапонија доби пред Господа ѕвезда патеводителка,
Радувај се Благодатна Богородице Дево,
зашто од Тебе засветли Сонцето
на правдата, Христос нашиот Бог,
Кој ги просветлува оние што се во темнина.
Весели се и ти, старче праведни,
Трифуне свети мачениче,
посветен на Бога од младоста,
слободата и смелоста во твоите вени течеа,
имајќи таква поткрепа од Господа,
се застапуваш за оние кои во Него веруваат,
Тоа се само стапици на злиот дух кој, гледајќи дека кај некои постои силна волја да живеат со духовен живот, се обидува да ги сопне со љубопитност и така да завладее со нивниот ум и со нивната волја. Поради тоа, им уфрлува, особено на оние кои се поспособни и понаклонети кон философирање, високи и прекрасни мисли.
Едно утрото на скалите од куќата седело слепо момче со голема капа пред неговите стапала, покрај која стоела табла на која пишувало: „Слеп сум, те молам помогни ми“.
Во капата имало само неколку монети.
Сите кои се соединуваат со Господ, сите кои се облекуваат во Него
и се хранат од Неговото Тело и Неговата Крв се едно со Него и се Негово Тело.
Тие се Негово Тело затоа што се од Неговите плот и коски.
Чудесата извршени од Твоите
свети маченици, Христе Боже,
за нас се покажаа карпа несоборлива.
По нивните молитви,
намерите на противниците разруши ги,
татковината наша заштити ја,
...кога човек неопитен и незрел во верата, започнува да ја гледа раската во туѓите очи, и поради своето неискуство, мислејќи дека прави добро за Црквата, всушност запаѓа во страшна прелест. Тогаш започнува да ги осудува сите околу себе: монасите, свештенослужителите, епископите, сите околу себе ги смета за та“,
Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела. Но, лекот не е во заборавањето, туку лекот е во препородот на душата и приближувањето кон Христа. Неговото божествено
Богословието без ревност не се измолува,
ревноста без љубов висина не достигнува,
љубовта е дар од Бога кој со ништо не се купува,
и трагајќи по него до Пресветиот се стигнува,
о богослови, ревнители и милозвучни струни
- Василие, Григорие и Јоване,
Препуштајќи се на вашето милосрдие, од длабочината на душата со вера и љубов извикуваме : стоејќи пред Престолот на Пресветата Единосуштна, Животворна и Неразделна Троица за Која со своите зборови, пишувања и животи храбро се боревте и душите свои ги полагавте, секогаш молете И се да не утврди и нас во