Спомен на јавувањето на Чесниот Крст во Ерусалим (20.05.2023)
Во времето на царот Констанс, синот на Свети Константин, кога беше патријарх Кирил Ерусалимски, во девет часот наутро над Голгота се појави Чесниот Крст и се простираше до небото над Елеонската Гора. Тој Крст беше посветол од сонцето и поубав од најубавото виножито. Сиот народ, и верните и неверните, ги оставија своите работи и во страв и со восхит гледаа во небесниот знак.
отец Арсениј Папачок: ЗА СТРАДАЊЕТО
Идеологиите на другите вероисповеди се разликуваат од христијанството по тоа што тие сакаат да го избегнат страдањето. Во Православието, пак, само преку страдање се спасуваш од страдање. Значи, светот не може да биде спасен на друг начин освен преку жртва.