Научен собир за Цепенков: Неговите собрани материјали во целост сведочат за македонскиот идентитет, јазик и култура
Сто години по смртта на Цепенков, со оглед на сложената меѓународна политичка ситуација во која не по наша вина се наоѓаме, неговите собрани материјали, кои во целост сведочат за нашиот македонски идентитет, јазик и култура, денес треба да бидат многу поактуелни од нивната актуелност во 20 век. Треба да сме свесни дека овој век треба да биде уште еден почеток, уште една реактуализација на нашето минато заради заокружување на нашата иднина, посочи директорот на Институтот „Марко Цепенков“ кој годинава одбележува 70 години постоење.