Свети Максим Исповедник - Поука (30.01.2017)

Благоразумниот, бидејќи ја разбрал исцелителноста на Божествените судови, со благодарност ги поднесува сите казни кои што според нив го снаоѓаат, не сметајќи никого друг за нивен предизвикувач освен своите гревови.








Сите ние, треба длабоко во себе да ја осознаеме нашата огревовеност и духовно несовршенство, па со срце скрушено и со мисла покајничка да посакаме да Го видиме Господа. Да ги отвориме нашите духовни очи, за да ја видиме Божјата семилостивост и љубов кон сите нас. Да Го побараме Бога во нашите души, како што Он не бара нас, кога сме загубени во гревот и злото.



Преподобен отче Гавриле, твојот живот во овој свет се покажа како натприроден, зашто живеејќи на земјата, си останал бестрасен и си го возљубил мирот и тихувањето; следејќи го Христовиот тесен и мачен пат, си се искачил кон небесните обители, каде што се молиш за наше спасение.
Најголем горделивец не е оној што гордо се фали, туку, оној што се фали дека е многу смирен. Кој се оправдува самиот себеси кога ќе згреши го претвора своето срце во демонско прибежиште, а ќе продолжи да греши и понатаму и ќе биде сршен бескорисно од своето себељубие, ако не успее да го скрши своето “јас”.
Родителите тоа го прават на разни начини. Понекогаш претерано штитејќи ги и чувајќи ги од и незгодите во животот. Понекогаш претерано ги казнуваат и гушат, што кај децата создава равнодушност, и повреденост во однос на возрасните и нивниот возрасен свет. Но најчесто тоа го прават живеејќи, во присуство на децата, обичен одраснат неодговорен живот.






Не знам која е целта на било кој друг, но христијаните треба да си знаат дека нивната цел е Христос, а тоа подразбира прво Крст, па Воскресение. И што е најважно, зборовите на Спасителот, во светот ќе имате маки, но, знајте Јас го победив светот. И сега може ли да не интересира нешто друго освен Победникот.


























