Свети Јован Златоуст: Гревовите се причината за семејните конфликти
Светото Писмо сведочи дека бедите во животот се плод на нашите гревови и дека Бог назначува извршители на казната врз грешникот од неговите блиски. Твојата жена војува со тебе, уште на вратата те пречекува како разбеснет ѕвер, острејќи си го јазикот како меч. Жално е што твојата половина ти станала противник, но преиспитај се самиот себеси - во младоста да не си размислувал нешто против некоја, па сега сопствената жена да ја лекува туѓата рана.