Свети Климент Охридски: Поука за првата недела од постот
Послушајте што рекол блажениот апостол: „Да го забораваме она што е зад нас, а да се стремиме кон она што е пред нас“.[1] Размислете, возљубени: светиот пост трае седум недели, а најпочитувана од сите е седмата, којашто се именува и ‘велика’ Но таа не е поголема од другите поради тоа што има повеќе часови, туку поради тоа што во неа се извршиле големи тајни – односно страдањата на Господа.