Прв час од бесплатните курсеви по руски јазик
Убеден сум дека курсевите по руски јазик ќе имаат многу добра иднина и перспектива. Рускиоте јазикот на Достоевски, на Толстој, но освен тоа, тој е јазик и на голема наука и на голем бизнис. На руски јазик зборуваат повеќе од 300 милиони луѓе и знаењето на рускиот јазик во современиот глобален свет ја зголемува конкурентноста на оној што го познава, рече Шчербак.