Прво, очистува од гревот. Со милосрдност и правда гревот се очистува (Изрек. 16, 6). Нема грев што милостината не би можела да го очисти. Водата по својата природа не ја пере нечистотијата на телото онака, како што милостињата со својата сила ја измива нечистотијата на душата, вели светиот Златоуст.
Господ ме прати да бидам со тебе во текот на целиот твој живот
Еден ден, кога по обичај седел во својата ќелија и пишувал полезни книги, му дошол некој сиромав, и го замолил за помош. Му раскажал дека како капетан на брод преживеал бродолом и притоа не само што го изгубил својот имот, туку и туѓиот. Свети Григориј го повикал слугата и му наредил да му даде шест дукати на сиромавиот.